ВЕРОНА-ВЕНЕЦИЈА-НОВА 2025.
29.12.2024 16:04
02.01.2025
Од 189 EUR
ИТАЛИЈА
Програма
Верона / Венеција / Виченца / Падова / Трст
Италија е една од најфасцинантните земји во светот и претставува една од омилените дестинации на нашите туристи. Популарната „чизма“ луѓето ја сакаат од многу причини. Во неа совршено се склопуваат уметноста, модата, фантастичните пејсажи и превкусната традиционална кујна. Не постои соодветен период кога ја да посетите, Италија е прекрасна во секој период од годината. А новогодишните празници се совршени за да ја доживеете на вистински начин.
ПРОМО ЦЕНА 189 € по лице со задолжителна резервација на пакетот факултативи 75 €, (плаќање на факултативите во автобус).
Редовна цена на аранжманот 209 € (не се задолжителни факултативите).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
• Две ноќевања во хотел 3* во областа Венето
• Автобуски превоз по програмата
• Посета на Трст
• Трговски центар Палманова
• Бесплатен трансфер : Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес
• организација и водство
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
• Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 € по лице од ден
• Посета на Виченца, Падова и Верона (дочек на Нова година на плоштад) – 50 €
• Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30 €
• Патничко осигурување 350 денари по лице
• Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
• Доплата за НОВОГОДИШЕН ПАКЕТ со сите излети во вредност од 75 € може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 80 € (плаќање во автобус)
ПРОГРАМА :
Прв ден – 29.12 (недела) – СКОПЈЕ – ИТАЛИЈА
Состанок на групата кај хотел Континнтал во период околу 13-14 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – 30.12 (понеделник) – ТРСТ – ПАЛМАНОВА
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
Трет ден – 31.12 – (вторник) – ВИЧЕНЦА – ПАДОВА – ВЕРОНА
По појадокот се упатуваме кон градот Виченца, град познат по славниот архитект Паладиа, кој со своите дека обележал цела епоха на градителството, на таканаречениот паладијански стил од 16 век. На целата територија на градот има вкупно 23 негови дела. УНЕСКО ја става Виченца на својата листа на заштита, токму поради неговите потфати. Следува прошетка и разглед: Базиликата Паладиана, плоштадот Piazza dei Signori – катедралата Santa Maria Annunziata – кула со часовник, – Teatro Olimpico. Слободно време за прошетка, кафе и индивидуални активности.
Потоа се упатуваме кон студентскиот град Падова, кој е сликовит град со густи улици, чии аркади се поврзани со големите градски плоштади. Град кој е спој на историјата и модерното време. Следува разглед на централниот дел на градот: базиликата Антоние Падовански, црквата Свети Антоние, Prato della Valle, корзото и плоштадот Кавур… Градот ќе ве воодушеви со своите бројни плоштади, кафулиња, ресторани. Слободно време. Следува враќање во хотел и подготовка за поаѓање кон Верона за дочекот на Новата година.
Во договорено време, групата се чека на рецепцијата на хотелот и потоа се упатуваме кон градот на љубовта – Верона. Градот на Ромео и Јулија, ќе ве освои. Прошетката започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија (бидејќи ќе биде ноќна посета куќата ќе биде затворена и не е предвидено влез во дворот).
По официјалниот дел од програмата, следува слободно време за истражување на градот, кој целиот е украсен во новогодишен амбиент и секако дочек на новата година на кај Арената на Верона со спектакуларен огномет. Во договорено време враќање во хотел и ноќевање.
Четврт ден 01.01 – (среда) – ВЕНЕЦИЈА
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во новогодишната атмосфера. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.
Петти ден 02.01 (четврток)
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ :
- 30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ :
• Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
• Нема намалување на цената за сопствен превоз
• ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
• Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.
НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ :
• Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС :
• Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ :
• Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
• Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
• Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
• Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
• Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
• ВАЖНО : Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
• Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
• Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
• Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
• Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
• Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
• Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
• ПОЈАДОК : Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
• Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
• За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
• Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
• Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
• Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
• Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
• Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
• Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
• Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
• Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
• Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
• ВАЖНО : Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
• Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
• Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
• Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
• Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Информации за плаќање
Галерија
Резервирај
Аранжмани