БУДИМПЕШТА-Christmas Market
06.12.2024 11:20
10.12.2024
Од 149 EUR
УНГАРИЈА
Програма
Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Програма
1 ден 06.12.2024 петок СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата во 15.00 часот, тргнување во 15:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 07.12.2024 сабота БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за посета на Christmas Market. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 недела БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена и посета на Christmas Market. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден 09.12.2024 понеделник БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.12.2024 (вторник).
ПРОМО ЦЕНА: 149 € со пакет факултативи 85 € по лице (се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
- Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Трансфер од Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Скопје
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО :
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 €
- Крстарење со брод по Дунав - 25 €
- Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена) - 40 €
- Посета на Сент Андреа -15 € (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
- Патничко осигурување-300 денари
- Задолжителна туристичка такса - 2.5€ по лице по ноќевање
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС :
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
Информации за плаќање
Галерија
Резервирај
Аранжмани