МИЛАНО-1.МАЈ
01.05.2025 13:01
06.05.2025
Од 169 €
ИТАЛИЈА
Програма
1 ДЕН (01.05.’25 – четврток) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската автобуска станица во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот...патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (02.05.’25 – петок) : БРЕША - МИЛАНО Пристигнување во околината на Бреша во утринските часови. Посета на трговскиот центар FRANCIACORTA, можност за шопинг. Поаѓање за Милано...по пристигнувањето - панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот... Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – по желба, ноќна прошетка низ центарот на градот...Ноќевање.
3 ДЕН (03.05.’25 – сабота) : МИЛАНО – ЛУГАНО - КОМО Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо...посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град...факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни...Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
4 ДЕН (04.05.’25 - недела) : МИЛАНО – ВЕРОНА - БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови...прошетка низ Стариот Град...плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија...поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград...ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.
5 ДЕН (05.05.’25 – понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 10.480,00 денари (169 € - со задолжителна уплата на пакет факултатива од 70 € по лице)
11.720,00 денари (189 € - редовна цена)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Автобуски превоз на горенаведената релација;
- 2 Н/П во хотел со 3*;
- посета на Верона;
- посета на ТЦ FRANCIACORTA;
- организација, водство и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
- Факултативните излети и посети;
- влезниците при посета на културно-историските споменици;
- патничкото осигурување (350,00 ден.-по лице).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :
- Разглед на Милано со стручен водич - 20 € по лице;
- Посета на Лугано и Комо – 30 € по лице;
- крстарење со брод по езерото Комо – 25 € по лице;
- Туристичка такса - 4 € по лице на ден (задолжително)
- За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.
ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ :
- Доплата за 1/1 соба – 70% од цената
- Дете 02-10 години остварува попуст од 10% (користи кревет и место во бусот) од цената за возрасен.
НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ, патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ.
Информации за плаќање
Галерија
Резервирај
Аранжмани