ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ЧЕШКИ КРУМЛОВ-К.ВАРИ-3 ноќи

Датум на тргнување

05.03.2025 16:04

Датум на враќање

10.03.2025

Цена на аранжман

199 EUR

Дестинација

ЧЕШКА РЕПУБЛИКА

Програма

1 ДЕН (05.03.’25 - среда) : БИТОЛА Состанок на групата во 07.00 часот на градската автобуска станица. Поаѓање за Чешката Република во 07.30 часот. Патот води преку Ниш, Белград, Будимпешта, Ѓиор, Братислава, Брно...Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (06.03.’25 - четврток) : ПРАГА Пристигнување во Прага во претпладневните часови...разглед на градот со стручен водич : Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец на Храдчани, обиколка (факултативно) на Шпанската сала (монументална градба од Х век), монументалната катедрала на Св.Вито со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ноќно крстарење (факултативно) по Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана...Ноќевање.

3 ДЕН (07.03.’25 - петок) : ПРАГА – ДРЕЗДЕН Појадок. По појадокот – факултативно - заминување за Дрезден – “Фирeнца на Елба“ – град под заштита на УНЕСКО, град во кој живееле и твореле голем број на уметници како Рихард Вагнер, Ернест Лудвиг, Рихард Штраус, Готфрид Семпер... Операта Семпер, галеријата Цвингер (факултативно), Фрунекирхе (најпознатата протестантска црква), Брулската тераса (наречена уште и терасата на Европа), Новата Синагога, споменикот на Саскиот крал Фридрих Август II и на крајот – Прагерштрасе, најпозната шопинг улица во Дрезден кој исто така го препорачуваме на љубителите на шопингот...Враќање во Прага во раните вечерни часови. Ноќевање.

4 ДЕН (08.03.’25 - сабота) : ПРАГА – ЧЕШКИ КРУМЛОВ Појадок. По појадокот – слободен ден во Прага, или препорачуваме факултативен целодневен излет за Чешки Крумлов, волшебен средновековен град, сместен над реката Влтава, а под заштита на UNESCO од 1992.година. Самиот град настанал во 13.век и се развивал околу замокот кој доминира со градот, а втор е по големина во Чешка, веднаш после Храдчани. Градот ги импресионирал многубројните уметници, па така и не зачудува што филмовите “Hostel” & “Iluzionist” се снимени баш во овој бајковит град...по доаѓањето информативен разглед на градот, прошетка до замокот низ тесните улички, како и до црквата на Св.Вито и галеријата на Егон Шиле. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта – факултативно, посета на Национален ресторан со комплетно мени, неограничени пијалаци и програма...Ноќевање.

5 ДЕН (09.03.’25 - недела) : ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ - БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување и напуштање на хотелот. Слободно време во Прага или факултативна посета на Карлови Вари, најпознатата бања во Источна Европа, место каде престојувале многу Европски властодршци, врвни сликари, поети...Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 km западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св. Петар и Павле (можност за присуство на Божиќната миса). Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура, познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“, како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко - горчливиот ликер Бехеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем, ванила)...Враќање во Прага во попладневните часови. Предвидено поаѓање за Македонија во 17.00 од претходно договорено место. Патот води преку Брно, Братислава, Унгарија, Србија...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

6 ДЕН (10.03.’25 - понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ : 12.340,00 ден. (199 €)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

- Автобуски превоз (високоподен, со аудио-видео опрема) на горенаведената релација;

- 3 НП во Прага, во хотел со 3*;

- ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово;

- организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :

- Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културно – историските споменици;

- патничкото осигурување (300,00 ден. по лице);

- туристичката такса – 2,5 € по лице на ден (се плаќа на лице место, на рецепција);

- индивидуални трошоци и други неспомнати трошоци;

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

- Разглед на Прага со стручен водич - 15 € по лице (задолжително – уплата во агенција со самата резервација на аранжманот);

- Карлови Вари – 35 € по лице (бус+водич);

- Дрезден – 40 € по лице (бус+водич);

- Крстарење по Влтава - 25 € по лице;

- Чешки Крумлов – 45 € по лице (автобус+водич+влезница за замокот);

- Свечената вечера во Национален ресторан со програма и мени - € по лице;

- За сите факултативни излети, минималниот број на патници за остварување на истите е 30;

НАПОМЕНА :

- Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

- t.a.PALAS не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

- Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ

Информации за плаќање

Резервирај

Пополнете ја формата за резервација

Аранжмани

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ