Вила СКАУТ

Вила СКАУТ – СУТО МОРЕ

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор. Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети :

ВИЛА СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни и со четворокреветни соби (2+2). Секоја соба има клима , тоалет, фрижидер и тераса. Користењето на клима уредот е вклучен во цената. Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

 

ПАКЕТ ЦЕНА – 9 ПОЛНИ ПАНСИОНИ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

ПЕРИОД

ЦЕНА по ЛИЦЕ

14.06.-23.06.

240

23.06.-02.07.

240

02.07.-11.07.

240

11.07.-20.07.

250

20.07.-29.07.

250

29.07.-07.08.

250

07.08.-16.08.

250

16.08.-25.08.

240

25.08.-03.09.

220

03.09.-12.09.

200

Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  пакет аранжман по лице (9 полни пансиони со вклучен превоз).

– Прво дете   до 13.99 год. плаќа 50 % од цената на аранжманот
– Второ  дете до 13.99 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра)
* Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
– Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра)
– Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра
– Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица
– Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност  ( 1 евро = 62ден.)

Поаѓање за Црна Гора :
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци (пумпата кај Росоман ) – 03.00 часот
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) – 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот
Поаѓање од Сутоморе – 16.00 часот

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

GPS:42.140415, 19.044978