ICONIC AEGEAN-4 ноќи

CELESTYAL е роденa во 2014 година, изградена на 85 години искуство од една од водечките туристички групи од Кипар. Седиштето е во Атина - срцето на античка Грција и портата кон Медитеранот. Селестиал брзо израсна во добитник на награди и на репутација број еден за избор за крстарења низ Грчките Острови и Источен Медитеран.

Што нè прави број еден? Нашата регионална експертиза. Ние водиме во начинот на претстава на одреден регион како никој друг со непобедлива мешавина од дестинации, времетраење и искуства на и надвор од бродот така што - соединети прават еден уникатен и незаборавен одмор.

Нашите бродови се средни, што значи може да се посетат пристаништа кои поголемите бродови не можат да си ги дозволат, па така можеме да понудиме уникатни помали неоткриени дестинации во нашите патувања. На нашите бродови имаат домашна атмосфера и помалку гужва. Нашите крстарења се насочени кон дестинацијата и престојуваме максимално време во пристаништата што Ви овозможува време да ги истражете познатите знаменитости, како и скриените скапоцени места. Имаме престој во некои места преку цел ден и ноќевања на одредена дестинација, особено кај нашите патувања со 7 и 14 ноќевања. Нашиот концепт е ALL INCLUSIVE и Ве заштитува од какви било скриени трошоци. Исхраната е на самиот брод, бесплатно домашно вино, пиво, безалкохолни пијалоци, чаеви, кафиња, коктели и одбрани брендирани жестоки пијалоци, две екскурзии на брегот и гратиси во нашите цени.Ние нудиме различно времетраење на крстарењата за да одговараат на сите Ваши планови за патување. Откријте ги Грчките острови на нашите 3 или 4 ноќни мини крстарења. Крстарење подолго на нашите 7 и 14-ноќни патувања низ грчките острови и источниот Медитеран.За некои патници, нивното крстарење е само бродот, за други - дестинациите се сметаат повеќе од било што, за трети - услугата и стилот, грижата и удобноста, но сепак, во Селестиал сите сме за едно цело искуство од почеток до крај - и доставување автентичност. И иако ние самите го кажуваме тоа, посетата на местата е прилично посебна. Без разлика дали сакате мини крстарење низ убава Егејска земја или имате желба да патувате подалеку, ќе бидете во најдобрите можни раце. Можеме да Ви ги покажеме прекрасните грчки острови, големи и мали, да Ве „потопиме“ во митовите и легендите за боговите, или да Ви понудиме само еден поглед на четири од седумте чуда на античкиот свет. Можете да ги следите стапките на Античките Грци, Римјани, Венецијанци, Османлии, па дури и Свети Павле. Ќе Ве однесеме до дестинациите како се епски, разновидни и возбудливи како Солун и Истанбул, Каиро и Кипар, Родос и Крит, Волос, Ерусалим, Лимасол и Миконос. Од Европа, источно кон Азија и јужно кон Светата Земја и Африка, Ве замолуваме да ни се придружите на незаборавно и извонредно патување и откривање.Со задоволство можеме да го објавиме воведувањето на Celestyal - искуствоto во нашата флота. Искуството на Celestyal има голем број на искуства на гости од сите возрасти, вклучува и шест места (ресторани) за исхрана, седум барови и салони, два базени, две џакузи, Beach - клуб, платформа за сончање и џогинг патека. Заокружувајќи го Celestyal Искуството ќе бидете дел од ноќни забави, казино, библиотека, соби за состаноци, бутици на самиот брод, сето тоа - дополнето со уникатен, специјализиран бар за вино и сирење што ќе служи како придонес кон почитта на медитеранските вина и сирења.Една од извонредните карактеристики на Celestyal Искуството е неговиот огромен (4.300 м2) панорамски спа -центар се шири низ две палуби, со комплетно опремена спортска сала што нуди поглед на океанот, бањи за таласотерапија, простории за масажа, сауни и низа термални апартмани. Импресивниот спа-центар исто така вклучува и салон за чаеви во јапонски стил, кој содржи широк спектар на ретки чаеви, вклучувајќи чаеви од лековити билки и планински чаеви.BEACH-клубот...ова отворено подрачје само за возрасни, посветено на гостите кои преферираат „wellness“  - нудат спокојна атмосфера што може да се најде само во најдобрите Грчки островски chillout - клубови на плажа. Beach - клубот може да се пофали со внимателна услуга за гостите, удобноста на премиум лежалките и шатори за сонце, додека џакузито е со infinity-поглед преку кон морската шир.Кога станува збор за целосна релаксација, ништо подобро од посета на бањата. Од кога ќе направите еден чекор внатре, започнува смирувачкиот амбиент и работи нејзината магија. Обновете се со масажи за глава и масажи на тело како што е Балискиот шиацу, класична Шведска масажа и ароматерапија како како и чистење на лицето, пилинг на тело со мед и шеќер, третмани со топли камења и обвивки од кал. Всушност, имаме сè за подмладување...бидете разгалени, занесени и разубавени, почувствувајте го стресот како испловува од Вашето тело и умот доживува целосно спокојство.

КРСТАРЕЊЕ Бр.1

 ICONIC AEGEAN

ТРАЕЊЕ : 5 ДЕНА/4 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА

Дестинација : АТИНА – МИКОНОС – КУШАДАСИ – ПАТМОС – РОДОС – КРИТ - САНТОРИНИ

БРОД (Крузер) : CELESTYAL OLYMPIA

Иконична, култна е совршен опис за оваа многу посебна одисеја, онаа што ќе ве остави хипнотизирани и презаситени од историјата, митовите и легендите. Две места на чудата од Антички свет се карактеристика во нашите истражувања на ова крстарење. Откријте го прекрасниот остров на ветровите и неговиоте ветерници и ценете ја уметноста и креативноста на античките цивилизации како на пример - Миноанската.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :                                                                  ДЕТАЛИ од КРСТАРЕЊЕТО :

Исхрана на брод (all inclusive)                                                   Ноќен престој на Миконос и Патмос

Класични пијалоци – неограничено                                          Целодневен излет на Родос

Селектирани екскузии                                                                Антички Ефес

Забава на брод                                                                           Гарантиран залез на сонцето на Санторини

Гратиси

ПРОГРАМА на ПАТУВАЊЕТО :

ДЕН 1: АТИНА / МИКОНОС - Ја напуштаме Атина и се упатуваме кон прекрасниот Миконос на Кикладите. Овој остров, според грчката митологија, бил формиран од телата на гигантите убиени од Херкулес. Најмногу препознатливо на Миконос е редот на белите ветерници изградени покрај морето. Секој посетител ја прави таа слика. Стариот град има многу прекрасни кафулиња и таверни, додека минувајќи низ неговите кривулести улички, времето ќе помине многу брзо во оваа прекрасна, релаксирачка околина.

ДЕН 2: КУШАДАСИ / ПАТМОС - живописен и шарен, Кушадаси во Турција е порта кон хеленистичките урнатини на Ефес, познат по Храмот на Артемида, едно на седумте чуда на античкиот свет. Вие можете да го истражете Ефес на нашата бесплатна турнеја. Нашето следно пристаниште е Патмос, мал и шармантен остров, со големина малку повеќе од 20 квадратни километри и е дел од Додеканесите. Библиската легенда го има овој остров како што се претпоставува - за локација на визијата за Јован Крстител во Книгата на Откровенија, каде е и напишана.

ДЕН 3: РОДОС - Неговите остатоци ги нема никаде се разбира, но Колосот на Родос некогаш до,инирање над пристаништето што ни дава уште една врска со Седумте Антички Чуда...„изгубете“ се во лавиринтот на локалните калдрмени улици на Стариот град (светско наследство), кои ќе Ве пренесат назад во времето на Византиската империја и не заборавајте да талкате низ Витешкиот кварт и палатата на големиот мајстор. Навистина, Родос е исто така познат како Остров на витези. Нашата тура Ви дозволува и дава можност да ги откриете чистите води, прекрасни плажи и бујни пошумени долини. Нашата бесплатна екскурзија ќе Ве до Линдос, Акропол, а потоа кон Стариот град на Родос (пешачка тура).

ДЕН 4: КРИТ (ИРАКЛИОН) / САНТОРИНИ - од еден предизвикувач остров на друг...Крит е најголемиот грчки остров и петти по големина во Медитеранот, место на митови и легенди. Исто така, има и можност да го посети главниот град Ираклион и да апсорбирате дел од неговата извонредна историја. Потоа, уживаме во една незаборавна вечер на Санторини каде ќе имате шанса да ја видите сината куполна црква во Ија. Исто така, има време и за прекрасен, традиционален оброк во еден од многуте ресторани на калдерата.

ДЕН 5: АТИНА - Се враќаме во главниот град наутро по возбудливото патување на откритијата. 

ДЕН ПРИСТАНИШТЕ ПРИСТИГАЊЕ ПОАЃАЊЕ
Понеделник Атина-Грција   13.00
Понеделник Миконос-Грција 18.00 23.00
Вторник Кушадаси-Турција 07.00 13.00
Вторник Патмос-Грција 16.30 21.30
Среда Родос-Грција 07.00 18.00
Четврток Крит (Хераклион)-Грција 07.00 12.00
Четврток Санторини-Грција 16.30 21.30
Петок Атина 06.00  
 
ICONIC AEGEAN – ЦЕНА по ЛИЦЕ за 4 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА
КАБИНА/СЕЗОНА НИСКА СРЕДНА ВИСОКА
IA 379 € 449 € -
IB 419 € 529 € -
IC 429 € 549 € -
XA 439 € 559 € -
XB 469 € 599 € -
XC 479 € 619 € -
SJ 809 € 1049 € -
SB 1029 € 1319 € -
SG 1159 € 1489 € -
3. и 4. возрасно лице плаќа 359 €
1.и 2. ДЕТЕ (од 2 – 11,99 год.) плаќа 229 €
Бебе (под 2 години) плаќа 169 €
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за тип на кабини IA – XC) – 30%
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за апартманските кабини) – 70%
Пристанишни и сервис такси (вклучени) – 169 €
2 ЕКСКУРЗИИ на копно/ Кушадаси & Родос или Кушадаси & Сирос

ОПИС на КАБИНИТЕ :

IA – ВНАТРЕШНА кабина, на 2. и 3.палуба (околу 11 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ.

IB - ВНАТРЕШНА кабина, на 4.палуба (околу 11 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ.

IC - ВНАТРЕШНА кабина, на 5. и 6.палуба (околу 11 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 кревети на под). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ.

J – JUNIOR SUITE, на 7.палуба, (околу 22 м2). Може да смести максимум до 3 лица (2 кревети на под + 1 софа-кревет). Опремени со тоалет со када, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и прозорец.

B – BALCONY SUITE, на 9.палуба, (околу 27 м2). Може да смести максимум до 3 лица (2 кревети на под + 1 софа-кревет). Опремени со тоалет со када, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и балкон.

SG – GRAND SUITE, на 9.палуба, (околу 35 м2). Може да смести максимум до 3 лица (2 кревети на под + 1 софа-кревет). Опремени со тоалет со када, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и балкон. 

КАЛЕНДАР на ПЛОВИДБА
МАРТ АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ НОЕМВРИ
            6 4 1*
            13 11 8*
            20 18 15*
            27 25* 22*
          30