ВИНСКИ
ПАТИШТА

QUEEN MARIA - ДЕМИР КАПИЈА

www.wineryqueenmaria.com

Во 1927, откако бил консултиран од кралските експерти дека од сите места на Балканскиот полуостров, земјиштето во близина на легендарната клисура “Демир Капија” е најплодно и совршено за одгледување на винова лоза, Кралот Александар Караѓорѓевиќ носи одлука да ја изгради својата винарија таму. Неговата амбиција била да создаде вино и место со извонреден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Кралот го именувал имотот “Кралица Марија” по неговата сопруга, Марија Караѓорѓевиќ.

Вино со извонреден квалитет било произведувано во подрум со капацитет од 500 000 литри. Тоа било ферментирано во четири стаклени базени дизајнирани во Австрија и било чувано во дабови буриња со капацитет од 4000 до 6000 литри. Кралското семејство давало се од себе нивниот имот да ги има сите потребни услови за да се реализираат големите амбиции.

Речиси еден век подоцна, винарската визба и имотот се во приватна сопственост, реновирани и модифицирани за висококвалитетен производ. Идеата е да се искомбинира шармот на минатиот век со модерната едноставност. Секој елемент, секоја зграда, секоја капка вино произведено во Кралската Винарија Кралица Марија денеска ја претставува историјата, географијата, климата и есенцијалниот човечки елемент – перфектен баланс помеѓу моќта и финесата, традицијата и модерноста.

Виното е срцето и душата на ова место, јасно изразена страст, а винскиот бар е местото каде што таа страст се споделува со остатокот од светот. Дрвениот ентериер, испегланите покривки, совршената топла светлина, музиката која што им дава смисла, претставуваат ансамбл на гестови кои дефинираат еден начин на живот.

Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”, ресторанот ужива идилични окруженија. Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали.

СМЕСТУВАЊЕ : „МЕМЕНТО“ АПАРТМАНИ Пет луксузни апартмани, хотел и луксузна вила каде што спиела Кралицата Марија нудат повеќе од сместување. Зградите претставуваат физичка манифестација на заедничката визија на нашите сопственици за брак помеѓу два века кое овозможува уникатно искуство кое се врежува во сеќавањата.

 

ТИП СОБА-ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

Ноќевање со појадок

ПОЛУПАНСИОН

ПОЛН ПАНСИОН

1/1 СОБА

1.400,00 ден.

1.800,00 ден.

2.200,00 ден.

1/2 СОБА – цена за едно лице

2.100,00 ден.

2.300,00 ден.

2.700,00 ден.

СМЕСТУВАЊЕ : „СУПЕРИОР“ АПАРТМАНИ Нудејќи раскошни апартмани опремени со само најдоброто заедно со прекрасниот природен амбиент, чувството на мирен просперитет Ве исполнува уште на самиот влез. Бракот од двовековната уметност ќе Ви ја смири душата и ќе ги оживее Вашите емоции.

 

ЦЕНА на ДЕН - АПАРТМАН

Ноќевање со појадок

ПОЛУПАНСИОН

ПОЛН ПАНСИОН

ЦЕНА за 1 ЛИЦЕ во АПАРТМАН

3.000,00 ден.

3.900,00 ден.

4.500,00 ден.

ЦЕНА за 2 ЛИЦА во АПАРТМАН

3.900,00 ден.

4.500,00 ден.

5.200,00 ден.

ЦЕНА за 3 ЛИЦА во АПАРТМАН

5.400,00 ден.

6.100,00 ден.

6.700,00 ден.

ЦЕНА за 4 ЛИЦА во АПАРТМАН

6.500,00 ден.

7.200,00 ден.

7.900,00 ден.