КРСТАРЕЊЕ по СЕВЕРЕН ЈАДРАН

Колку пати сте патувале до морето, гледајќи ги прекрасните контури на карпите на Корнати, Црес и Телашчица, но никогаш не сте имале можност да прошетате по истите овие клисури и брегови? Бродот СТОНЧИЦА ви нуди идеален одмор, освен крстарење и пливање во оддалечените заливи, можете да уживате и во планинарењето по заборавените пешачки патеки на Архипелагот Корнати!

Дрвениот туристички брод „Стончица“, е наменет за повеќедневни туристички крстарења по Јадранот. На бродот има девет двокреветни кабини со кревети на спрат, секоја кабина има тоалет, а сите кабини, како и салонот се климатизирани. Покрај крстарењето, се служат и оброци (полн пансион), а има и две палуби за сончање, во кои гостите можат да уживаат. Нудиме седумдневни крстарења во Северен Јадран и нашата предложена рута е Риека - Црес - Мали Лошињ - Мандре (Паг) - Раб - Голи Оток - Крк - Риека. Спиеме во секоја од споменатите дестинации, а разликуваме два вида на резервации - соби - индивидуални резервации и чартер - кога групата го изнајмува целиот брод, а во тој случај ја договараме рутата со капетанот.Генерално, атмосферата со чартер групите е на повисоко ниво, бидејќи се работи за група на луѓе кои меѓусебно се познаваат и имаат исти или слични интереси. Планинарите најлесно се прилагодуваат бидејќи се навикнати на чести патувања во природа во различни услови, сакаат да се дружат, едноставни се и отворени за луѓето. Летното крстарење со брод со пливање на позиции кои не се достапни за општата популација и се далеку од урбаните средини е неодолив магнет за секого. Островите Корнати се убави сами по себе, а особено планинарските тури. За неколку дена поминувате повеќе дестинации, а гостите ќе бидат навистина воодушевени. На бродот се запослени 4 члена на екипажот (капетан, кувар, морнар и келнер). Покрај кабините, на бродот има салон со бар, кујна, кормиларница и две сончани палуби, една (напред) - откриена каде има лежалки, додека задната е покриена со тенда и има маса со клупи.

РУТА А1 - ИТИНЕРАР на ПЛОВИДБА :

 1.ден (сабота) : РИЈЕКА – ЦРЕС

2.ден (недела) : ЦРЕС – МАЛИ ЛОШИЊ (посета на Сината Шпиља)

3.ден (понеделник) : МАЛИ ЛОШИЊ – МАНДРЕ (можност за посета на Зрче)

4.ден (вторник) : МАНДРЕ - РАБ

5.ден (среда) : МАНДРЕ – ЗАВРАТНИЦА – ГОЛИ ОТОК

6.ден (четврток) : ГОЛИ ОТОК - КРК

7.ден (петок) : КРК – РИЈЕКА

РУТА А2 - ИТИНЕРАР на ПЛОВИДБА :

1.ден (сабота) : РИЈЕКА – СУСАК

2.ден (недела) : СУСАК – ДУГИ ОТОК

3.ден (понеделник) : ДУГИ ОТОК – Национален Парк ТЕЛАШЧИЦА

4.ден (вторник) : ТЕЛАШЧИЦА – КОРНАТИ – МАЛИ Иж

5.ден (среда) : МАЛИ Иж – СИЛБА

6.ден (четврток) : СИЛБА – Св.ГРГУР

7.ден (петок) : Св.ГРГУР – РИЈЕКА

Маршрутите може да подлежат на варијации врз основа на метеоролошките услови, безбедноста и техничките проценки на капетанот на бродот. Горенаведените програми се информативни, необврзувачки. Доколку бродот е на чартер, турата е договорена со групата и нема доплата во рок од 200 Nm (наутички миљи). Првиот ден групата се согласува со капетанот каде сака да оди, нема потреба да се држиме до нашите предложени рути. Спиењето може да биде во градовите или „на сидро“ (во бродот) во заливите.  

ЦЕНОВНИК по ЛИЦЕ во 1/2 кабина– за ОДРЕДЕН ПЕРИОД
 УСЛУГА  НОЌЕВАЊА ПЕРИОДИ
16.04.-21.05. 21.05.-25.06. 25.06.-27.08. 27.08.-24.09. 24.09.-15.10.
ПАНСИОН 7 369 € 439 € 529 € 439 € 369 €

 НАПОМЕНИ :

-          Цените се изразени во €, плаќање во денарска противвредност (1 € = 62,00 МКД)

-          Цените се изразени со вклучен ДДВ

-          Минимален број на патници за реализација на крстарење изнесува 12.

-          МОЖНОСТ за ПОНИСКИ ЦЕНИ од ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ, ДОКОЛКУ се РАБОТИ за ЗАТВОРЕНА ГРУПА од МИНИМУМ 12 ЛИЦА (информација во агенција)!!!

-          МОЖНОСТ за ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ до РИЈЕКА и НАЗАД (доколку групата брои минимум 14 лица – информации во агенција)

-          Check in : РИЈЕКА, секоја сабота од 12.00 – 14.00 часот

-          Check out : РИЈЕКА, секоја сабота до 09.00 часот

-          Со возилото може да се дојде до бродот, ОСИГУРЕН БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ за приватни возила

-          ВАЖНО : При резервација, ОБАВЕЗНО да се нагласат прехрамбените навики на патникот (вегетаријанец, gluten free, на јаде морски плодови, не јаде свинско и сл.)

-          Строго е забрането внесување било каков вид на пијалок на бродот!

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

-          7 НОЌЕВАЊА во КАБИНА со 2 кревети на спрат, клима и ТВЦ

-          7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ

-          Пијалок за „добредојде“

-          Пристанишните такси

-          Клима во салонот и кабините

-          Палуба за сунчање

-          2 крпи по лице

-          WI-FI

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :

-          Трошокот за трансферот до бродот

-          Пијалок на бродот (може да се купи на бродот)

-          Излети, разгледи и влезници (Национални паркови, музеи...)

ДОПЛАТИ :

-          Такса за престој : 30 € по лице (се плаќа на лице место)

-          Кабина на горната палуба : 15 € по лице

-          1/1 кабина : доплата од 70% од наведената цена

ДЕЦА :

-          До 4,99 год. – ГРАТИС (во кабина со родителите)

-          Од 5 – 13,99 год. – 50% попуст (во кабина со родителите)

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ