БЕРОВО
MANASTIR***
- МАНАСТИР***
Во подножјето на Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово. Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува со уникатна комбинација од речиси недопрена природа, големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко - здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација.
Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици.
ЦЕНИ/СОБИ |
Ноќевање со појадок |
ПОЛУПАНСИОН |
ПОЛН ПАНСИОН |
1/1 СОБА – по лице |
24 € |
31 € |
37 € |
1/2 СОБА – по лице |
20 € |
27 € |
33 € |
1/3 СОБА – по лице |
19 € |
26 € |
32 € |
- Цените се по лице – на ноќ, во €, плаќање во денарска противвредност (1 € = 62 мкд)
- ДЕТЕ од 0 – 5,99 год. – ГРАТИС
- ДЕТЕ од 6 – 11,99 год. – плаќа 50% од цената за возрасен