hoteli DIAMOND CITY*** & MARIN PRINCESS*****

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES или DIAMOND CITY (Ваш избор).

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 14:00 часот

Check out: 10:00 часот 

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз . Ноќевање.

ВТОР до ОСМИ ДЕН

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата. За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз. Во Истанбул се посетува следното :

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUАRE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

ХОТЕЛИ и ЦЕНОВНИЦИ :

DIAMOND CITY HOTEL***

Овој модерен хотел, чија историја започна во 1990 година, има 90 соби. Овој имот со 3* ѕвезди нуди 24-часовна услуга и комфорт.Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има бесплатен wi-fi, фен, и пешкири.

 

Teрмин

Редовни цени

Промо цени (до 31.12.2021)

07.06 – 14.06.2022

140 евра

115 евра

14.06 – 21.06.2022

145 евра

120 евра

21.06 – 28.06.2022

152 евра

127 евра

28.06 – 05.07.2022

164 евра

134 евра

05.07 – 12.07.2022

164 евра

134 евра

12.07 – 19.07.2022

164 евра

134 евра

19.07 – 26.07.2022

164 евра

134 евра

26.07 – 02.08.2022

164 евра

134 евра

02.08 – 09.08.2022

164 евра

134 евра

09.08 – 16.08.2022

164 евра

134 евра

16.08 – 23.08.2022

164 евра

134 евра

23.08 – 30.08.2022

164 евра

134 евра

30.08 – 06.09.2022

164 евра

134 евра

06.09 – 13.09.2022

152 евра

127 евра

13.09 – 20.09.2022

145 евра

120 евра

20.09 – 27.09.2022

140 евра

115 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

-Седум ноќевања во хотел Diamond 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок

-Автобуски превоз oд Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола

-Бесплатни лежалки

-Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Туристичка такса од 0.5€ на ден oд лице (се плаќа задолжително во автобус)

Патничко осигурување (1 евро од ден)

Факултативни излети.

MARIN PRINCESS*****

Хотелот Marin Princes e  паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој. Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала. Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Некои соби имаат топла када и пространа седење.Хотелот служи голем појадок кој е вклучен  во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.

 

Teрмин

Редовни цени

Промо цени (до 31.12.2021)

07.06 – 14.06.2022

169 евра

149 евра

14.06 – 21.06.2022

189 евра

165 евра

21.06 – 28.06.2022

189 евра

165 евра

28.06 – 05.07.2022

199 евра

175 евра

05.07 – 12.07.2022

209 евра

180 евра

12.07 – 19.07.2022

219 евра

185 евра

19.07 – 26.07.2022

229 евра

185 евра

26.07 – 02.08.2022

229 евра

185 евра

02.08 – 09.08.2022

229 евра

185 евра

09.08 – 16.08.2022

229 евра

185 евра

16.08 – 23.08.2022

229 евра

185 евра

23.08 – 30.08.2022

219 евра

185 евра

30.08 – 06.09.2022

209 евра

180 евра

06.09 – 13.09.2022

199 евра

175 евра

13.09 – 20.09.2022

189 евра

165 евра

20.09 – 27.09.2022

179 евра

155 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок

-       Автобуски превоз

-       Бесплатни лежалки

-       Користење на 2 базени со солена вода

-       Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола

-       Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Туристичка такса од 0.5€ на ден oд лице (се плаќа задолжително во автобус)

-       Патничко осигурување (1 евро од ден)

-       Факултативни излети.