ZEPTER****

Врњачка Бања се наоѓа на 200 км од Белград и располага со голем избор на хотели, вили и приватни сместувања. Позната е по своите лековити води и претставува центар со најсовремена медицинска служба за превенција, лечење, дијагностицирање и рехабилитација на органите за варење и шеќерни болести. Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36.5 степени целзиусови колку што е температурата на човечкото тело по што е единствена во Европа. Врњачка Бања располага со 7 познати минерални извори : Снежник, Слатина,Топла Вода, Езеро, Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро) додека другите две се користат за флаширање на минерална вода (Борјак и Врњачко врело)

Врњачките лековити води се користaт за лекување на :

-Шеќерни болести
-хронично воспалување на црева и желудник
-чир во желудник и дванаесетпалачното црево
-болест на бубрежната карлица ,мочниот меур, уринарниот тракт и др болести

 

Хотел ZEPTER****

www.zepterhotelvbanja.com;

На местото на поранешниот стар хотел Звезда, на централниот дел од шеталиштето „Променада“ и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа величествениот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања, хотелот е единствен спој на старо и ново. Стариот дел, од 1920 година, беше изграден директно на Променадата, главната пешачка комуникација на Врњачка Бања, покрај реката Врњачка и нејзината надворешна архитектура е законски заштитена како историски споменик, а новиот, поголем дел од хотелот е свртен кон улицата паралелно со шеталиштето, кое му дава на хотелот совршена позиција и добри пристапи од сите страни.

Хотелот Zepter има 96 лукс соби, 18 луксузни соби и 4 луксузни апартмани. На своите гости им нуди разновидни капацитети : два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), бар Zepresso Aperitif, летна тераса со поглед на шеталиштето во ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци. Од спортските објекти, најатрактивен е внатрешниот базен (целосно реновиран) со термално-минерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворена во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна. 

ЦЕНОВНИК по ЛИЦЕ за ПЕРИОД : 01.09. – 31.10.2021
Тип СОБА Услуга Недела – петок Викенд (петок-недела) 7 дена – пакет
1/2 LUX НП 28 € 32 € 196 €
Студио LUX 1/2 НП 33 € 37 € 232 €
Deluxe 1/2 НП 36 € 40 € 250 €
 
ЦЕНОВНИК по ЛИЦЕ за ПЕРИОД : 01.11. – 24.12.2021
Тип СОБА Услуга Недела – петок Викенд (петок-недела) 7 дена – пакет
1/2 LUX НП 25,5 € 29 € 167 €
Студио LUX 1/2 НП 30 € 34 € 208 €
Deluxe 1/2 НП 35 € 40 € 246 €

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

 -          Сместување на база ноќевање со појадок

-          Пријава во 14.00 часот, одјава во 11.00 часот.

-          ГРАТИС користење на SPA & WELLNESS содржините...затворен базен со минерална вода, џакузи, теретана, фитнес, сауна;

-          WI-FI

-          Попуст од 10% на услугите од Relax – центарот

ОПШТИ НАПОМЕНИ :

 -          За 1/1 соба – ДОПЛАТА од 40% од цената

-          Минимален престој за време на викендот е 2 ноќевања

-          За едно ноќевање, цената се зголемува за 20% од цената

-          ДОПЛАТА за вечера : 8,5 € за возрасни и 6 € за деца, на ден.

ПОПУСТИ за ДЕЦА ДО 15 години :

 -          ЕДНО дете до 6,99 год. со 2 возрасни лица – ГРАТИС

-          ЕДНО дете до 6,99 год. со 2 возрасни лица – ГРАТИС, додека ВТОРО дете до 14,99 години остварува попуст од 50% од цената

-          ЕДНО дете од 7 – 14,99 со 1 возрасно лице има попуст од 30%

-          ДВЕ деца од 7 – 14,99 години со 1 или 2 возрасни лица, двете деца остваруваат попуст од 50%