БУДИМПЕШТА&ВИЕНА-CHRISTMASS MARKET

ДЕКЕМВРИ е за многумина најубавиот месец за посета на „Дунавските убавици“, каде БОЖИЌНАТА МАГИЈА е во полн ек...во колибите од бајките, на плоштадот Ворошмарти или пред базиликата Св.Стефан во Будимпешта, Ратхаус или Шенрбрун во Виена можете да ги разгледате извонредните производи на безбројните занаетчии каде ќе најдете уникатни, рачно изработени дела од народна и применета уметност, текстилни и кожни производи, керамика и накит, заедно со дизајнерска облека и додатоци, или дела на фотографи и графичари. Можете да пиете чаша греено вино со вашиот партнер или пријател, додека дегустирате уникатен кулинарски избор. Секој може да најде грицки по негова желба...ентузијастите на традиционалниот стил можат да вкусат рачно изработено чоколадо, торта со мед, додека гурманите можат да изберат од широк спектар на уникатни и изненадувачки верзии на класици за улична храна, како што се виршли, сендвичи и плескавици, а звуците на Бетовен, Моцарт, Хајдн ги милуваат Вашите сетила од секој агол...

1 ДЕН (08.12.2021 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (09.12.2021 – четврток) : БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во  утринските часови...разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите...сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ улицата и посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот...можност за шопинг, уживање  во домашно греано вино, домашни специјалитети, или посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на самиот плоштад... Вечерта (факултативно) – крстарење со брод по Дунав...Ноќевање.

3 ДЕН (10.12.2021 – петок) : БУДИМПЕШТА - ВИЕНА Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена...панорамски разглед на градот - Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург...обиколка на велелепниот замок Шенбрун, каде и се наоѓа Божикниот базар во Виена...слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (11.12.2021 – сабота) : БУДИМПЕШТА Појадок. По појадокот –  одјавување од хотелот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА, посета на Божиќниот Базар пред базиликата Св.Стефан, во придружба на пратителот на групата. Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 18.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

5 ДЕН (12.12.2021 – недела) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.260,00 денари (101 €) – FLASH SALE ЦЕНА за уплати до 10.11.2021!!!             

                                               7.380,00 денари (119 €) - за УПЛАТА до 20.11.2021!!!

                                               8.620,00 денари (139 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас...) на горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 4* (DANUBIUS HOTEL ARENA****),  ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово...организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице), трансфер на патници од Струга, Охрид, Ресен (доплата 10 € по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Крстарење со Брод – 15 € по лице (препоракаминимум 30 патници). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Посета и разглед на Виена со стручен водич – 30 € по лице (препорака – минимум 30 патници).

ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Р.УНГАРИЈА & АВСТРИЈА :

-          Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија

-          Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија

-          GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca & SINOPHARM – за двете земји;) 

-          СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ