SATOR***

www.hotelsator.com.mk

Хотелот Шатор претставува капацитет од трета категорија (3 ѕвезди) *** кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен во надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.Несекојдневната архитектонска замисла во просторот на проектантот и дизајнерот на сите гости им овозможува со престојот во хотелот секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од планината Баба и Националниот Парк Пелистер, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој секако дека нема да ве остави рамнодушни. Она што секако го издвојува хотелот Шатор од останатите објекти во нашата земја и регионот се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт го пленат срцето и душата на секој гостин добронамерник.Ведрата насмевка и традиционалната гостопримливост на домаќините и на сите вработени во комбинација со недопрената природна убавина, со раскошот на бои и мириси и можноста за прошетки по многубројните пешачки патеки, видиковци, велосипедски тури, етно посети, еко екскурзии и алпинистички рути го исполнуваат чувството на секој посетител дека се наоѓа на вистинското место каде што може да доживее активен одмор во природа.

 

Тип соба/цена

За 1 лице

За 2 лица

За 3 лица

За 4 лица

КЛАСИК – 1/2

25  

40

-

-

КОМФОРТ – 1/3

27,5

42

52

-

FAMILY – 1/4

39

60

63

69

-          Цените се дадени на база ноќевање со појадок, по соба, во € (1 € = 62,00 ден.)

-          ДОПЛАТА за оброк (ручек-вечера) : 7 € по лице на ден

-          ДДВ и туристичката такса се вклучени во цената

-          ДЕЦА до 5,99 год. – ГРАТИС (без дополнително легло)

-          ДЕЦА од 6 – 12 год. плаќаат 50% од цената

-          Сите соби се опремени со мини-бар, кабелска ТВ, WI-FI

-          Бесплатен паркинг