IDYLLIC AEGEAN-7 ноќи

CELESTYAL е роденa во 2014 година, изградена на 85 години искуство од една од водечките туристички групи од Кипар. Седиштето е во Атина - срцето на античка Грција и портата кон Медитеранот. Селестиал брзо израсна во добитник на награди и на репутација број еден за избор за крстарења низ Грчките Острови и Источен Медитеран.

Што нè прави број еден? Нашата регионална експертиза. Ние водиме во начинот на претстава на одреден регион како никој друг со непобедлива мешавина од дестинации, времетраење и искуства на и надвор од бродот така што - соединети прават еден уникатен и незаборавен одмор.

Нашите бродови се средни, што значи може да се посетат пристаништа кои поголемите бродови не можат да си ги дозволат, па така можеме да понудиме уникатни помали неоткриени дестинации во нашите патувања. На нашите бродови имаат домашна атмосфера и помалку гужва. Нашите крстарења се насочени кон дестинацијата и престојуваме максимално време во пристаништата што Ви овозможува време да ги истражете познатите знаменитости, како и скриените скапоцени места. Имаме престој во некои места преку цел ден и ноќевања на одредена дестинација, особено кај нашите патувања со 7 и 14 ноќевања. Нашиот концепт е ALL INCLUSIVE и Ве заштитува од какви било скриени трошоци. Исхраната е на самиот брод, бесплатно домашно вино, пиво, безалкохолни пијалоци, чаеви, кафиња, коктели и одбрани брендирани жестоки пијалоци, две екскурзии на брегот и гратиси во нашите цени.Ние нудиме различно времетраење на крстарењата за да одговараат на сите Ваши планови за патување. Откријте ги Грчките острови на нашите 3 или 4 ноќни мини крстарења. Крстарење подолго на нашите 7 и 14-ноќни патувања низ грчките острови и источниот Медитеран.За некои патници, нивното крстарење е само бродот, за други - дестинациите се сметаат повеќе од било што, за трети - услугата и стилот, грижата и удобноста, но сепак, во Селестиал сите сме за едно цело искуство од почеток до крај - и доставување автентичност. И иако ние самите го кажуваме тоа, посетата на местата е прилично посебна. Без разлика дали сакате мини крстарење низ убава Егејска земја или имате желба да патувате подалеку, ќе бидете во најдобрите можни раце. Можеме да Ви ги покажеме прекрасните грчки острови, големи и мали, да Ве „потопиме“ во митовите и легендите за боговите, или да Ви понудиме само еден поглед на четири од седумте чуда на античкиот свет. Можете да ги следите стапките на Античките Грци, Римјани, Венецијанци, Османлии, па дури и Свети Павле. Ќе Ве однесеме до дестинациите како се епски, разновидни и возбудливи како Солун и Истанбул, Каиро и Кипар, Родос и Крит, Волос, Ерусалим, Лимасол и Миконос. Од Европа, источно кон Азија и јужно кон Светата Земја и Африка, Ве замолуваме да ни се придружите на незаборавно и извонредно патување и откривање.Со задоволство можеме да го објавиме воведувањето на Celestyal - искуствоto во нашата флота. Искуството на Celestyal има голем број на искуства на гости од сите возрасти, вклучува и шест места (ресторани) за исхрана, седум барови и салони, два базени, две џакузи, Beach - клуб, платформа за сончање и џогинг патека. Заокружувајќи го Celestyal Искуството ќе бидете дел од ноќни забави, казино, библиотека, соби за состаноци, бутици на самиот брод, сето тоа - дополнето со уникатен, специјализиран бар за вино и сирење што ќе служи како придонес кон почитта на медитеранските вина и сирења.Една од извонредните карактеристики на Celestyal Искуството е неговиот огромен (4.300 м2) панорамски спа -центар се шири низ две палуби, со комплетно опремена спортска сала што нуди поглед на океанот, бањи за таласотерапија, простории за масажа, сауни и низа термални апартмани. Импресивниот спа-центар исто така вклучува и салон за чаеви во јапонски стил, кој содржи широк спектар на ретки чаеви, вклучувајќи чаеви од лековити билки и планински чаеви.BEACH-клубот...ова отворено подрачје само за возрасни, посветено на гостите кои преферираат „wellness“  - нудат спокојна атмосфера што може да се најде само во најдобрите Грчки островски chillout - клубови на плажа. Beach - клубот може да се пофали со внимателна услуга за гостите, удобноста на премиум лежалките и шатори за сонце, додека џакузито е со infinity-поглед преку кон морската шир.Кога станува збор за целосна релаксација, ништо подобро од посета на бањата. Од кога ќе направите еден чекор внатре, започнува смирувачкиот амбиент и работи нејзината магија. Обновете се со масажи за глава и масажи на тело како што е Балискиот шиацу, класична Шведска масажа и ароматерапија како како и чистење на лицето, пилинг на тело со мед и шеќер, третмани со топли камења и обвивки од кал. Всушност, имаме сè за подмладување...бидете разгалени, занесени и разубавени, почувствувајте го стресот како испловува од Вашето тело и умот доживува целосно спокојство.

КРСТАРЕЊЕ Бр.3

 IDYLLIC AEGEAN

ТРАЕЊЕ : 8 ДЕНА/7 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА

Дестинација : АТИНА – СОЛУН - КУШАДАСИ – РОДОС – ХЕРАКЛИОН (Крит) – САНТОРИНИ – МИКОНОС - МИЛОС

БРОД (Крузер) : CELESTYAL CRYSTAL

Дојдете и почувствувајте ја романсата на Егејот, на ова ново возбудливо крстарење. Посетете ги најпознатите волшебни грчки островски дестинации околу Егејското Море, каде културата, историјата, чистите плажи и рибарските села - „застанати“ во времето, Ве очекуваат...

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :                                                                  ДЕТАЛИ од КРСТАРЕЊЕТО :

Исхрана на брод (all inclusive)                                                   Престој преку ноќ во Санторини

Класични пијалоци – неограничено                                          24 часа наМиконос

Селектирани екскузии                                                               Целодневен престој на Родос

Забава на брод

Гратиси

ПРОГРАМА на ПАТУВАЊЕТО :

ДЕН 1 : АТИНА - Ги оставаме историскиот и класичниот главен град на Грција, и испловуваме на нашето патување преку ноќ кон Турција. Вашата прва вечер ќе ви даде можност да се релаксирате, да се препуштиме на нашето сеопфатно гостопримство и припремете се за авантурите што претстојат на оваа Егејска Одисеја...

ДЕН 2 : СОЛУН Дебелите византиски ѕидини чувајќи го Солун даде начин до привлечна мешавина на архитектонски пејсажи и улици со калдрма. Приближувајќи се до пристаништето, ќе бидете воодушевени од градот кој зрачи со култура и се капе во софистицираноста на златно Грчко сонце...Авениите со палми, гламурозните продавници и гурмански ресторани, традиционалните таверни и узерии се тука за да се задоволат сечии вкусови. Од секаде се појавуваат убави цркви, додека  сезонските пазари продаваат шарени локални производи, а засенчените места на Плоштадот Аристотел се таму каде што можете да седнете за кафе или домашен сладолед, гледајќи го светот како поминува.

ДЕН 3 : КУШАДАСИ - нашето утринско пристигнување ни го дава целиот ден за Кушадаси, многу време за истражување на шарениот град, што е крајбрежна порта до хеленистичките урнатини од Ефес, познат по едно од седумте чуда на Антички свет, Храмот на Артемида. Екскурзијата е вклучена во цената и не смее да се пропушти.

ДЕН 4 : РОДОС - Ако Кушадаси ни даде само еден осврт на Античкиот свет, тогаш впечатокот за оваа дестинација ја оставаме  на Вашата имагинација...Колосот на Родос некогаш го чуваше и „ставаше“ ред во пристаништето, но тој веќе го нема. Така, може да се земе во предвид за истражување прекрасниот стар град, лавиринт од тесни улици со калдрма што ќе ве пренесе назад во Византиската империја...имаме цел ден тука, оваа екскурзија Ви дава многу време, покрај другото -  да се откријат кристално чистите води, прекрасните плажи и бујни пошумени долини. Бесплатната екскурзија до Линдос е вклучена.

ДЕН 5 : КРИТ (ХЕРАКЛИОН) – Од еден евокативен остров на друг. Крит е најголемиот остров во Грција и петти по големина во Медитеранот, место на митови и легенди. Ќе имате можност за посета на главниот град Хераклион да апсорбирате дел од неговата извонредна историја.

ДЕН 5 - 6 : САНТОРИНИ - Санторини е веднаш препознатлив и сигурни сме дека ќе Ви го одземе здивот, со калдерата, гроздови од бело варосани куќарки во главниот град Фира, неверојатно зајдисонце и секако иконската сино-куполна црква во Ија. И не заборавајте да седнете во еден од многуте ресторани кои се „борат“ за позиција работ на калдерата. Вечерта можете да истражувате во слободното време или едноставно опуштете се на палубата пиејќи коктел или чаша фино вино...

ДЕН 6 – 7 : МИКОНОС – Островот на ветровите Ве чека...Имаме цел ден за разгледување или само шетање низ Стариот град со неговите беспрекорни варосани куќи, тесните улички со калдрма, убаво мали црквички и прекрасни ресторани. Лутајќи низ градот, Вие несомнено ќе ја препознаете сликата-разгледница со белите ветерници кои седат рамо до рамо, со поглед кон морето. Патем, можеби ќе посакате да ги посетите и Античките храмови на соседниот Делос, а оваа екскурзија тоа Ви го овозможува...

ДЕН 7: МИЛОС Можеби ќе спиете кога ќе заминеме од Санторини, но ќе бидеме во Милос -  Островот на боите, за време на појадок. Ќе имате време да се истражи главниот град Плака, катакомби стари 2.000 години или едноставно впијте го сонцето на рамните карпи на зачудувачки убавата плажа Саракинико. Вистинската убавина на оваа навистина прекрасен остров може да се најде во неговите зачудувачки пејзажи, скулптурираните карпести формации од страна на ветрот и морето, меките песочни плажи, затскриени заливи и кристално чиста вода со боја на аквамарин... Најпознат „извоз“ на островот е Венера Милоска.

ДЕН 8: АТИНА - Пристигнуваме назад во Атина во 7.00 часот наутро. 

ДЕН ПРИСТАНИШТЕ ПРИСТИГАЊЕ ПОАЃАЊЕ
Сабота Атина-Грција   17.00
Недела Солун-Грција 10.00 19.00
Понеделник Кушадаси-Турција 13.00 21.00
Вторник Родос-Грција 09.00 18.00
Среда Хераклион-Крит-Грција 07.00 12.00
Среда Санторини-Грција 16.30  
Четврток Санторини-Грција   02.00
Четврток Миконос-Грција 08.00  
Петок Миконос-Грција   02.00
Петок Милос-Грција 09.00 19.00
Сабота Атина-Грција 07.00  
 
IDYLLIC AEGEAN – ЦЕНА по ЛИЦЕ за 7 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА
КАБИНА/СЕЗОНА BLACK NOVEMBER ЦЕНИ ВИСОКА (Септември)
IA 599 € Од 1070 €
IB

649 €

-
IC

689 €

-
XA

739 €

Од 1070 €
XB

759 €

-
XC

839 €

-
XD

879 €

-
SBJ

1309 €

Од 1070 €
S

1409 €

-
SV

1589 €

-
SG

1819 €

-
3. и 4. возрасно лице плаќа 599 €
1.и 2. ДЕТЕ (од 2 – 10,99 год.) плаќа 289 €
Бебе (под 2 години) плаќа 289 €
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за тип на кабини IA – XD) – 30%
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за апартманските кабини) – 70%
Пристанишни и сервис такси (вклучени) – 289 €
2 ЕКСКУРЗИИ на копно/ Кушадаси & Родос*

 ОПИС на КАБИНИТЕ :

IA – ВНАТРЕШНА кабина, на 4.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IB - ВНАТРЕШНА кабина, на 5. и 6.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IC - ВНАТРЕШНА кабина, на 7., 11. и 12.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 кревети на под). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XA – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 4.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XB – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 5.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XC – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 6.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XD – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 7.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

SJA – JUNIOR SUITE, на 6. и 7.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 одделни кревети или еден брачен лежај). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

SЈB – BALCONY SUITE, на 10., 11. и 12.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

S – SUITE, на 11.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SV – SUITE со ВЕРАНДА, на 11. и 12.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до веранда со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SG – GRAND SUITE со ТЕРАСА, на 11. и 12палуба, (околу 48 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до тераса со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

КАЛЕНДАР на ПЛОВИДБА 2022.година
МАРТ АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ НОЕМВРИ
      04 02 06 03 01  
    7 11 09 13 10 08  
    14 18 16 20 17    
    21 25 23 27 24    
  30 28   30