ПРОЛОМ БАЊА

Хотел РАДАН***

-       Хотел РАДАН*** 

www.prolombanja.com

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Пред се, позната е по својата лековита “Пролом Вода“, која припаѓа на ретката група на води, со високи балнеолошки вредности...високо алкална (РН 8,8 – 9,2), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонизирана.

На лековитата Пролом Вода се засноваат сите здравствени програми во хотелот. Ефектот на лечење се засилува со примена на балнеолошките и физикалните третмани, боравок на чист и свеж воздух и прошетки низ недопрената природа на Пролом Бања. Надморската висина е 550 – 668 м., додека климата е умерено континентална, со голем број на сончеви денови во годината.

Комплексот на хотелот Радан ги обедини во себе удобното сместување, современите медицински и Wellness третмани, содржини за рекреација, забава и излети.

Било тоа да доаѓате на лечење или на одмор, деловни состаноци, или едноставно на опуштање во природа, својот боравок можете да го потполните со Wellness третманите, опуштање во затворениот или отворените базени, ручек во Етно-ресторанот, излети до “Ѓавоља Варош“, црквата Лазарица и останатите културни-туристички атракции на Топличкиот регион.