villa AFRODITI-Nidri

Грција Лефкада 2020                                                Нидри                                                                                                                                                     

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Островот  со причина  го нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја...Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма...со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа Нидри.

Студиа Афродити  – Нидри    Б кат – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето,  уреден двор со  зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина. Студијата се  опремени со мали  кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 5 Еур/ден, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

Вила Афродити  – Нидри -  на сама обала, 300  метри од плажа,   двор , паркинг, пристап до центар

ПОПУСТИ :

25% За УПЛАТИ до 31.12.2019

20% за УПЛАТИ до 31.01.2020

15% за УПЛАТИ до 28.02.2020

10% за УПЛАТИ до 30.04.2020

 

Термин :

1/2 студио

1/3+1 студио (4 лица)

26.05.

59

69

02.06.

69

79

09.06.

99

109

16.06.

179

189

23.06.

219

229

30.06.

249

259

07.07.

299

309

14.07.

339

349

21.07.

379

399

28.07.

379

399

04.08.

379

399

11.08.

379

399

18.08.

349

369

25.08.

319

339

01.09.

269

289

08.09.

189

199

15.09.

99

109

22.09.

59

69

-          Цените се дадени за НАЕМ на студио на 7 ноќи, во ЕУР за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден./1 ЕУР

-          Дозволено е сместување према капацитетот на студиото (број на кревети), освен 1 дете до 7 год. во кревет со родител.

-          Деца од 2 – 11,99 год. – попуст од 15 ЕУР на редовната цена, лица повозрасни од 63 год. – попуст од 10 ЕУР на редовната цена за превоз.

Организиран автобуски превоз од Битола и Скопје за Лефкада  со поаѓање и враќање на денот наведен во табелата. Aвтобуска карта  45 Еур/возрасни од Скопје и Велес, 30 Еур деца 2-12 го, 40 Еур од Прилеп и Битола. Деца 2-12 години 25 Еур. Поаѓање од Скопје во  01,00 часот Дрводекор, од Битола во 04,00 часот пред Автобуска станица(перон), патување преку Меџитлија со попатни одмори. Пристигнување околу 11 ч на  Лефкада. Поаѓање од Лефкада после 14 часот, пристигнување во Битола околу 19 часот, Скопје околу 21 часот.. Патничко осигурување 5 Еур/лице  без франшиза. Деца кои патуваат без едниот родител потребно е да достават согласност од другиот родител за патување во странство. Важат Општите услови за патување на СКТМ.