КРСТАРЕЊЕ (АТИНА-МИКОНОС-МИЛОС-КРИТ-АТИНА)

CELESTYAL е роденa во 2014 година, изградена на 85 години искуство од една од водечките туристички групи од Кипар. Седиштето е во Атина - срцето на античка Грција и портата кон Медитеранот. Селестиал брзо израсна во добитник на награди и на репутација број еден за избор за крстарења низ Грчките Острови и Источен Медитеран.

Што нè прави број еден? Нашата регионална експертиза. Ние водиме во начинот на претстава на одреден регион како никој друг со непобедлива мешавина од дестинации, времетраење и искуства на и надвор од бродот така што - соединети прават еден уникатен и незаборавен одмор.

Нашите бродови се средни, што значи може да се посетат пристаништа кои поголемите бродови не можат да си ги дозволат, па така можеме да понудиме уникатни помали неоткриени дестинации во нашите патувања. На нашите бродови имаат домашна атмосфера и помалку гужва. Нашите крстарења се насочени кон дестинацијата и престојуваме максимално време во пристаништата што Ви овозможува време да ги истражете познатите знаменитости, како и скриените скапоцени места. Имаме престој во некои места преку цел ден и ноќевања на одредена дестинација, особено кај нашите патувања со 7 и 14 ноќевања. Нашиот концепт е ALL INCLUSIVE и Ве заштитува од какви било скриени трошоци. Исхраната е на самиот брод, бесплатно домашно вино, пиво, безалкохолни пијалоци, чаеви, кафиња, коктели и одбрани брендирани жестоки пијалоци, две екскурзии на брегот и гратиси во нашите цени.Ние нудиме различно времетраење на крстарењата за да одговараат на сите Ваши планови за патување. Откријте ги Грчките острови на нашите 3 или 4 ноќни мини крстарења. Крстарење подолго на нашите 7 и 14-ноќни патувања низ грчките острови и источниот Медитеран.За некои патници, нивното крстарење е само бродот, за други - дестинациите се сметаат повеќе од било што, за трети - услугата и стилот, грижата и удобноста, но сепак, во Селестиал сите сме за едно цело искуство од почеток до крај - и доставување автентичност. И иако ние самите го кажуваме тоа, посетата на местата е прилично посебна. Без разлика дали сакате мини крстарење низ убава Егејска земја или имате желба да патувате подалеку, ќе бидете во најдобрите можни раце. Можеме да Ви ги покажеме прекрасните грчки острови, големи и мали, да Ве „потопиме“ во митовите и легендите за боговите, или да Ви понудиме само еден поглед на четири од седумте чуда на античкиот свет. Можете да ги следите стапките на Античките Грци, Римјани, Венецијанци, Османлии, па дури и Свети Павле. Ќе Ве однесеме до дестинациите како се епски, разновидни и возбудливи како Солун и Истанбул, Каиро и Кипар, Родос и Крит, Волос, Ерусалим, Лимасол и Миконос. Од Европа, источно кон Азија и јужно кон Светата Земја и Африка, Ве замолуваме да ни се придружите на незаборавно и извонредно патување и откривање.Со задоволство можеме да го објавиме воведувањето на Celestyal - искуствоto во нашата флота. Искуството на Celestyal има голем број на искуства на гости од сите возрасти, вклучува и шест места (ресторани) за исхрана, седум барови и салони, два базени, две џакузи, Beach - клуб, платформа за сончање и џогинг патека. Заокружувајќи го Celestyal Искуството ќе бидете дел од ноќни забави, казино, библиотека, соби за состаноци, бутици на самиот брод, сето тоа - дополнето со уникатен, специјализиран бар за вино и сирење што ќе служи како придонес кон почитта на медитеранските вина и сирења.Една од извонредните карактеристики на Celestyal Искуството е неговиот огромен (4.300 м2) панорамски спа -центар се шири низ две палуби, со комплетно опремена спортска сала што нуди поглед на океанот, бањи за таласотерапија, простории за масажа, сауни и низа термални апартмани. Импресивниот спа-центар исто така вклучува и салон за чаеви во јапонски стил, кој содржи широк спектар на ретки чаеви, вклучувајќи чаеви од лековити билки и планински чаеви.BEACH-клубот...ова отворено подрачје само за возрасни, посветено на гостите кои преферираат „wellness“  - нудат спокојна атмосфера што може да се најде само во најдобрите Грчки островски chillout - клубови на плажа. Beach - клубот може да се пофали со внимателна услуга за гостите, удобноста на премиум лежалките и шатори за сонце, додека џакузито е со infinity-поглед преку кон морската шир.Кога станува збор за целосна релаксација, ништо подобро од посета на бањата. Од кога ќе направите еден чекор внатре, започнува смирувачкиот амбиент и работи нејзината магија. Обновете се со масажи за глава и масажи на тело како што е Балискиот шиацу, класична Шведска масажа и ароматерапија како како и чистење на лицето, пилинг на тело со мед и шеќер, третмани со топли камења и обвивки од кал. Всушност, имаме сè за подмладување...бидете разгалени, занесени и разубавени, почувствувајте го стресот како испловува од Вашето тело и умот доживува целосно спокојство.

IDYLLIC AEGEAN

 ТРАЕЊЕ : 4 ДЕНА/3 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА

 Дестинација : АТИНА (ЛАВРИО) – МИКОНОС – МИЛОС - АГИОС НИКОЛАОС (Крит) – АТИНА (ПИРЕА)

 БРОД (Крузер) : CELESTYAL CRYSTAL

Дојдете и почувствувајте ја романсата на Егејот, на ова ново возбудливо крстарење. Посетете ги најпознатите волшебни грчки островски дестинации околу Егејското Море, каде културата, историјата, чистите плажи и рибарските села - „застанати“ во времето, Ве очекуваат...

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :                                                                  ДЕТАЛИ од КРСТАРЕЊЕТО :

ПРЕВОЗ на релација Битола – Атина – Пиреа                       Екскурзија за Милос и Плака - ВКЛУЧЕНО

Исхрана на брод (all inclusive)                                                     Екскурзија за Агиос Николаос – Крит - ВКЛУЧЕНО

Класични пијалоци – неограничено                                                           

Селектирани екскузии                                                             

Забава на брод

Бакшиши

ПРОГРАМА на ПАТУВАЊЕТО :

ДЕН 1 (30.06.2021 – среда) : АТИНА – МИКОНОС Ги оставаме историскиот и класичниот главен град на Грција, и испловуваме на нашето патување еден час после пладне (13.00 часот) кон Кикладите. Пристигнување на Миконос во18.00 часот. Факултативен излет на Миконос... Островот на ветровите Ве чека...Имаме цел ден за разгледување или само шетање низ Стариот град со неговите беспрекорни варосани куќи, тесните улички со калдрма, убаво мали црквички и прекрасни ресторани. Лутајќи низ градот, Вие несомнено ќе ја препознаете сликата-разгледница со белите ветерници кои седат рамо до рамо, со поглед кон морето. Враќање на брод во определеното време. Вашата прва вечер ќе ви даде можност да се релаксирате, да се препуштиме на нашето сеопфатно гостопримство и припремете се за авантурите што претстојат на оваа Егејска Одисеја...ноќна пловидба.

ДЕН 2 (01.07.2021 – четврток) : МИЛОС – пристигнување на Милос во раните утрински часови...прошетајте се низ островот на боите...ќе имате време да се истражи главниот град Плака, катакомби стари 2.000 години или едноставно впијте го сонцето на рамните карпи на зачудувачки убавата плажа Саракинико. Вистинската убавина на оваа навистина прекрасен остров може да се најде во неговите зачудувачки пејзажи, скулптурираните карпести формации од страна на ветрот и морето, меките песочни плажи, затскриени заливи и кристално чиста вода со боја на аквамарин... Најпознат „извоз“ на островот е Венера Милоска (екскурзијата е ВКЛУЧЕНА во цената!!!). Испловување кон Крит во 18.00 часот. Ноќна пловидба.

ДЕН 3 (02.07.2021 – петок) : КРИТ (АГИОС НИКОЛАОС) – Пристигнување на Крит во 07.00 часот. Прекрасниот град Агиос Николаос го прегрнува живописното езеро каде се верува дека Атина и Артемида се искапиле и во поново време каде Германците ги потопија своите оружја при повлекување од Крит во Втората Светска војна. Градот е онаков - каков што обично се среќава на грчкиот остров...со неокласични згради, ресторани, барови и продавници се редат покрај езерото. Талкајте по улиците и марината и впијте го сонцето во едно од многуте кафулиња (екскурзијата е ВКЛУЧЕНА во цената!!!). Испловување кон Атина во 17.00 часот. Ноќна пловидба...

ДЕН 4 (03.07.2021 – сабота) : АТИНА - Пристигнуваме назад во Атина во 7.00 часот наутро. 

ДЕН ПРИСТАНИШТЕ ПРИСТИГАЊЕ ПОАЃАЊЕ
Среда Атина-Грција   13.00
Среда Миконос 18.00  
Четврток Миконос 02.00  
Четврток Милос 08.00 18.00
Петок Агиос Николаос - Крит 08.00 17.00
Сабота Атина 07.00  
 
IDYLLIC AEGEAN – ЦЕНА по ЛИЦЕ за 3 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА – ЦЕНА по ЛИЦЕ – ПАКЕТ АРАНЖМАН (АВТОБУС + КРСТАРЕЊЕ) !!!
КАБИНА ЦЕНА по ЛИЦЕ
IA 379 €
IB 394 €
IC 396 €
XA/XBO 417 €
XB 440 €
XC 452 €
XD 463 €
SBJ 797 €
S 890 €
SB 994 €
SG 1109 €
3. и 4. возрасно лице плаќа 292 €
1.и 2. ДЕТЕ (од 2 – 10,99 год.) плаќа 212 €
Бебе (под 2 години) плаќа 129 €
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за тип на кабини IA – XD) – 30%
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за апартманските кабини) – 70%
Пристанишни и сервис такси (вклучени) – 129 €
2 ЕКСКУРЗИИ на копно/ Милос & Агиос Николаос-Крит

ОПИС на КАБИНИТЕ :

IA – ВНАТРЕШНА кабина, на 4.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IB - ВНАТРЕШНА кабина, на 5. и 6.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IC - ВНАТРЕШНА кабина, на 7., 11. и 12.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 кревети на под). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XA – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 4.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XB – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 5.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XC – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 6.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XD – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 7.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

SJA – JUNIOR SUITE, на 6. и 7.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 одделни кревети или еден брачен лежај). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

SЈB – BALCONY SUITE, на 10., 11. и 12.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

S – SUITE, на 11.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SV – SUITE со ВЕРАНДА, на 11. и 12.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до веранда со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SG – GRAND SUITE со ТЕРАСА, на 11. и 12палуба, (околу 48 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до тераса со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување. 

КАЛЕНДАР на ПЛОВИДБА 2021.година
МАРТ АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ НОЕМВРИ
- - - - - - - -  
- - - - - - - -  
- - - - - - - -  
- - - - - - - -  
- - - 30 -        

Кабините и апартманите се контролирани од стјуард и помошник стјуард за сите Ваши потреби. Програмата на крстарењето и активностите за конкретниот ден се доставуваат до Вашите соби. 

CELЕSTYAL CRYSTAL CRUSER – ПОДАТОЦИ за БРОДОТ :

-          Број на ВНАТРЕШНИ кабини : 163

-          Број на НАДВОРЕШНИ кабини : 313

-          Број на АПАРТМАНИ со балкон : 53

-          Капацитет : 1200 патници

-          10 палуби (decks)

-          4 лифтови

ПИЈАЛОЦИ  - НЕОГРАНИЧЕНО :

Газирана и негазирана вода

Газирен сок: Кока Кола, Спрајт…

Ice Tea

Сок (свежо исцеден сок од портокал се нуди со доплата)

Безалкохолни коктели

Кафиња : егзотични кафиња,  Фредо Еспресо, Капучино Фредо, Фрапе, Ајс кафе, топло чоколадо, филтер кафе, кафе-лате, турско кафе...

Жестоки Пијалоци

Виски: Џони Вокер (Red Label), Jim Beam, J&B

Џин: Beafeater & Gordon’s

Рум: Bacardi & Havana Club

Водка: Smirnoff & Stolichnaya

Текила: Hose Cuervo

Мартини

Грчки вкусови : разни Егејски коктели и ексклузив Мартини

Меѓународни Коктели : Bloody Mary, Mai Tai

Пиво : точено и безалкохолно

Вино: Бело-Розе-Црвено

Ликери, Шери и аперитиви, Campari, Разновидни бренди, коњаци и кратки (shots), Грчки Автентични ликери

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО :

-          Патничко осигурување вклучено и ковид осигурување.

-          Услуги во салон за убавина и спа центар

-          Интернет

-          Факултативни екскурзии со доплата

-          Влезници за посета на културно-историските споменици (индивидуално)

-          Медицински услуги

НАПОМЕНА :

-          За реализација на овој пакет-аранжман, потребен е минимум од 30 патници.

-          Важноста на пасошот мора да биде минимум 6 месеци од датумот на враќање

-          Местата се ОГРАНИЧЕНИ и пријавувањето, како и резервациите траат се до пополнување на кабините