хотел МАКПЕТРОЛ****

www.hotels.makpetrol.com.mk

Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени. Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет. Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аперитив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.

 

 

Тип на соба

ЦЕНА по лице – на ноќ

Попуст за престој од 6 и повеќе ноќи

Ноќ. со појадок

Полупансион

All Inclusive

04.05.-01.10.2021

1/1

37 €

43 €

60 €

-10%

1/2

29 €

35 €

60 €

-10%

АПАРТМАН

38 €

45 €

59 €

-10%

Џуниор Суит

35 €

40 €

55 €

-10%

Џун. Суит 1/1

45 €

52 €

70 €

-10%

-          Цените се дадени по лице на ноќ, со такса за привремен престој

-          ДЕТЕ до 6 години – гратис (во соба со 2 возрасни лица)

-          ТРЕТО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ како и ДЕТЕ (7-13 год.) во соба плаќа 70% од цената за соодветната услуга

-          ДОПЛАТА за ПОЛН ПАНСИОН : 10 € на ден по лице