STEPS of St.PAUL-7 ноќи

CELESTYAL е роденa во 2014 година, изградена на 85 години искуство од една од водечките туристички групи од Кипар. Седиштето е во Атина - срцето на античка Грција и портата кон Медитеранот. Селестиал брзо израсна во добитник на награди и на репутација број еден за избор за крстарења низ Грчките Острови и Источен Медитеран.

Што нè прави број еден? Нашата регионална експертиза. Ние водиме во начинот на претстава на одреден регион како никој друг со непобедлива мешавина од дестинации, времетраење и искуства на и надвор од бродот така што - соединети прават еден уникатен и незаборавен одмор.

Нашите бродови се средни, што значи може да се посетат пристаништа кои поголемите бродови не можат да си ги дозволат, па така можеме да понудиме уникатни помали неоткриени дестинации во нашите патувања. На нашите бродови имаат домашна атмосфера и помалку гужва. Нашите крстарења се насочени кон дестинацијата и престојуваме максимално време во пристаништата што Ви овозможува време да ги истражете познатите знаменитости, како и скриените скапоцени места. Имаме престој во некои места преку цел ден и ноќевања на одредена дестинација, особено кај нашите патувања со 7 и 14 ноќевања. Нашиот концепт е ALL INCLUSIVE и Ве заштитува од какви било скриени трошоци. Исхраната е на самиот брод, бесплатно домашно вино, пиво, безалкохолни пијалоци, чаеви, кафиња, коктели и одбрани брендирани жестоки пијалоци, две екскурзии на брегот и гратиси во нашите цени.Ние нудиме различно времетраење на крстарењата за да одговараат на сите Ваши планови за патување. Откријте ги Грчките острови на нашите 3 или 4 ноќни мини крстарења. Крстарење подолго на нашите 7 и 14-ноќни патувања низ грчките острови и источниот Медитеран.За некои патници, нивното крстарење е само бродот, за други - дестинациите се сметаат повеќе од било што, за трети - услугата и стилот, грижата и удобноста, но сепак, во Селестиал сите сме за едно цело искуство од почеток до крај - и доставување автентичност. И иако ние самите го кажуваме тоа, посетата на местата е прилично посебна. Без разлика дали сакате мини крстарење низ убава Егејска земја или имате желба да патувате подалеку, ќе бидете во најдобрите можни раце. Можеме да Ви ги покажеме прекрасните грчки острови, големи и мали, да Ве „потопиме“ во митовите и легендите за боговите, или да Ви понудиме само еден поглед на четири од седумте чуда на античкиот свет. Можете да ги следите стапките на Античките Грци, Римјани, Венецијанци, Османлии, па дури и Свети Павле. Ќе Ве однесеме до дестинациите како се епски, разновидни и возбудливи како Солун и Истанбул, Каиро и Кипар, Родос и Крит, Волос, Ерусалим, Лимасол и Миконос. Од Европа, источно кон Азија и јужно кон Светата Земја и Африка, Ве замолуваме да ни се придружите на незаборавно и извонредно патување и откривање.Со задоволство можеме да го објавиме воведувањето на Celestyal - искуствоto во нашата флота. Искуството на Celestyal има голем број на искуства на гости од сите возрасти, вклучува и шест места (ресторани) за исхрана, седум барови и салони, два базени, две џакузи, Beach - клуб, платформа за сончање и џогинг патека. Заокружувајќи го Celestyal Искуството ќе бидете дел од ноќни забави, казино, библиотека, соби за состаноци, бутици на самиот брод, сето тоа - дополнето со уникатен, специјализиран бар за вино и сирење што ќе служи како придонес кон почитта на медитеранските вина и сирења.Една од извонредните карактеристики на Celestyal Искуството е неговиот огромен (4.300 м2) панорамски спа -центар се шири низ две палуби, со комплетно опремена спортска сала што нуди поглед на океанот, бањи за таласотерапија, простории за масажа, сауни и низа термални апартмани. Импресивниот спа-центар исто така вклучува и салон за чаеви во јапонски стил, кој содржи широк спектар на ретки чаеви, вклучувајќи чаеви од лековити билки и планински чаеви.BEACH-клубот...ова отворено подрачје само за возрасни, посветено на гостите кои преферираат „wellness“  - нудат спокојна атмосфера што може да се најде само во најдобрите Грчки островски chillout - клубови на плажа. Beach - клубот може да се пофали со внимателна услуга за гостите, удобноста на премиум лежалките и шатори за сонце, додека џакузито е со infinity-поглед преку кон морската шир.Кога станува збор за целосна релаксација, ништо подобро од посета на бањата. Од кога ќе направите еден чекор внатре, започнува смирувачкиот амбиент и работи нејзината магија. Обновете се со масажи за глава и масажи на тело како што е Балискиот шиацу, класична Шведска масажа и ароматерапија како како и чистење на лицето, пилинг на тело со мед и шеќер, третмани со топли камења и обвивки од кал. Всушност, имаме сè за подмладување...бидете разгалени, занесени и разубавени, почувствувајте го стресот како испловува од Вашето тело и умот доживува целосно спокојство.

КРСТАРЕЊЕ Бр.7

 STEPS of PAUL 2021/2022

ТРАЕЊЕ : 8 ДЕНА/7 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА

Дестинација : АТИНА – СОЛУН – КАВАЛА – ИСТАНБУЛ – ДИКИЛИ – КУШАДАСИ – ПАТМОС

БРОД (Крузер) : CELESTYAL EXPERIENCE

Следете ги стапките на апостол Свети Павле, преку Медитеранот, учејќи за оваа голема фигура од историјата. Роден е во римскиот град Тарсус, на источниот Медитерански брег во денешна Турција. Придружете ни се нам и на нашите стручни водичи на извонредно религиозно и историско патување кое никогаш нема да заборавите.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :                                                                  ДЕТАЛИ од КРСТАРЕЊЕТО :

Исхрана на брод (all inclusive)                                                   Манастирот Vlatadon

Класични пијалоци – неограничено                                          Philippi (Филипи) – затворот каде Св.Павле беше затворен

Селектирани екскузии                                                                Pergamon (Бергама) екскузија до Акрополис

Забава на брод                                                                           Античкиот град Ефес

Гратиси

ПРОГРАМА на ПАТУВАЊЕТО :

ДЕН 1: АТИНА - Го започнуваме нашето патување во Античкиот главен град, лулка на западната цивилизација и родното место на демократијата. Самиот Свети Павле веројатно пристигнал со брод на пристаништето во Атина и тој проповедаше на брдото Марс (Аеропагус) близу до срцето на градот, Акропол. Античката агора во Плака округот беше едно од многуте места за состаноци и проповеди на Апостолот.

ДЕН 2: СОЛУН - полн со историја, култура и убавина, ова е вториот град по големина во Грција. Свети Павле пристигнал тука да проповеда во 49 г. н.е. на својата Втора мисија. Неговиот Прво Писмо до Солунјаните било упатено до црква во градот следната година. Ги посетуваме Цитаделата и манастирот Влатадон кои што Свети Павле ги посетил. Потоа се возиме до Верија (Бероја во Библијата) каде што тој им проповедаше на благородните Евреи. Така, денес - Свети Павле е покровител и светец-заштитник на градот Верија.

ДЕН 3: КАВАЛА - Свети Павле дошол во овој северен град и блискиот антички Неаполис на неговото прво патување до Европа Во античкиот Филипи го крстил првиот Грк (жена) и европски христијански преобратен, Лидија. Црквата и крстилницата на отворено сеуште постојат на самото место. Го посетуваме местото каде што тој ја кажа својата прва беседа (археолошкиот локалитет), како и затворот во кој беше затворен Свети Павле. Споменикот на Свети Павле е исто така на нашиот пат.

ДЕН 4: ИСТАНБУЛ - Грците, Римјаните, Византијците, Крстоносците и Османлиите го освојуваа и градеа овој стратешки непроценлив град кој се наоѓа помеѓу европа и азија преку силниот Босфор. Ќе ја видите зачудувачката Султан Ахмет (сината) џамија, хиподромот, црква на Света (Аја) Софија, палатата Топ Капи, мостот Галата и секако неспоредлива Големата чаршија. Овој излет само ја „допира“ површина на местото некогаш познато како Византија и Цариград.

ДЕН 5: ДИКИЛИ - пристанишниот град Дикили во Турција е наша точка за Антички Пергамон (Бергама), на времето – еден од најмоќните Грчки градови. Тука беше најсеверната од седумте малоазиски цркви кои се споменуваат во книгата на Откровението (Новиот завет). После посета на Акропол, ќе ги посетиме остатоците од Асклепион -  лекувачки храм и претходник на она што сега го знаеме како болница.

ДЕН 6: КУШАДАСИ - комплементарна екскурзија (вклучени) во Ефес и Милет. Кушадаси е порта до Ефес, некогаш вториот по големина град во Римската империја и секако домот на Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Антички свет. Се верува дека Свети Павле го напишал своето Писмо до Ефесјаните тука и проповедал во Големиот театар од Ефес, врежан во страната на планината Пион. Сè уште е познат по својата прекрасна акустика. Нашиот ден исто така ќе го збогатиме и со посета на античкиот град Милет каде престојувал Св.Павле на враќање кон Ерусалим.

ДЕН 7: ПАТМОС - Патмос е еден од најсеверните острови на Dodecanese архипелагот и еден од најмалите, но шармантен и нај духовен. Има атмосфера на свето величие. Патмос е најпознат по тоа што е претпоставена локација на визијата за Јован Крстител во книгата на Откровението, каде е и напишана. Кога Јован Крстител беше протеран од Рим во Патмос при крајот од неговиот живот, тој беше последниот што остана од 12-те ученици. Го посетуваме и манастирот посветен на Свети Јован, кој  привлекува аџии со векови наназад.

ДЕН 8: АТИНА - Се враќаме во Грчката престолнина по нашето патување на откритието кое го одзема здивот.     

ДЕН ПРИСТАНИШТЕ ПРИСТИГАЊЕ ПОАЃАЊЕ
Сабота Атина-Грција   16.00
Недела Солун-Грција 09.00 20.00
Понеделник Кавала-Грција 08.00 16.00
Вторник Истанбул-Турција 09.30 20.00
Среда Дикили-Турција 12.00 20.00
Четврток Кушадаси-Турција 08.00 23.30
Петок Патмос-Грција 07.00 18.30
Сабота Атина-Грција 06.00  
       
       
 
STEPS of St.PAUL – ЦЕНА по ЛИЦЕ за 7 ALL INCLUSIVE НОЌЕВАЊА
КАБИНА/СЕЗОНА ФЛЕШ НИСКА СРЕДНА
IA 599 € 639 € 899 €
IB 649 € 719 € 969 €
IC 679 € 779 € 1019 €
XA/XBO 699 € 789 € 1029 €
XB 719 € 809 € 1059 €
XC 739 € 839 € 1109 €
XD 769 € 879 € 1149 €
SBJ 1309 € 1309 € 1629 €
S 1409 € 1409 € 1789 €
SB 1589 € 1589 € 2029 €
SG 1819 € 1819 € 2289 €
3. и 4. возрасно лице плаќа 389 €
1.и 2. ДЕТЕ (од 2 – 10,99 год.) плаќа 289 €
Бебе (под 2 години) плаќа 289 €
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за тип на кабини IA – XD) – 30%
ДОПЛАТА за 1/1 соба (за апартманските кабини) – 70%
Пристанишни и сервис такси (вклучени) – 289 €
2 ЕКСКУРЗИИ на копно/ Солун & Родос*

 ОПИС на КАБИНИТЕ :

IA – ВНАТРЕШНА кабина, на 4.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IB - ВНАТРЕШНА кабина, на 5. и 6.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

IC - ВНАТРЕШНА кабина, на 7., 11. и 12.палуба (околу 17 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 кревети на под). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XA – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 4.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XB – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 5.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XC – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 6.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.

XD – НАДВОРЕШНА КАБИНА,  на 7.палуба (околу 17 м2). Во кабината има голем прозорец со поглед на морето, Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер, 24/7 room service.SJA – JUNIOR SUITE, на 6. и 7.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 2 лица (2 одделни кревети или еден брачен лежај). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

SЈB – BALCONY SUITE, на 10., 11. и 12.палуба, (околу 24 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service.

S – SUITE, на 11.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до балкон со поглед на море. Опремени со TWC, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SV – SUITE со ВЕРАНДА, на 11. и 12.палуба, (околу 37 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до веранда со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.

SG – GRAND SUITE со ТЕРАСА, на 11. и 12палуба, (околу 48 м2). Може да смести максимум до 4 лица (2 кревети на под и 2 кревети на спрат). Има голема стаклена лизгачка врата, која води до тераса со поглед на море. Опремени со TWC, џакузи, фен, клима, телефон, сеф, ТВ, мини-бар со фрижидер и 24/7 room service. Оваа категорија има пристап до услугата Celestyal Cruises Suite Consierge, која располага со наменски шалтер за пријавување, забрзана ембаркација, посебна област за јадење на бродот и услуга за достава на експресен багаж, вклучително и помош при распакување.  

КАЛЕНДАР на ПЛОВИДБА 2021.година
МАРТ АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ НОЕМВРИ
- - - - - - - - -
- - - - - - - - 13
- - - - - - - 16 -
- - - - - - - - -
- - - - - - - - -