МАВРОВО
kompleks KORAB TRNICA
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во сместувачки капацитети кои се состојат од апартмани, соби и планински куќички со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, располага со рецепција, лоби и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, вино… Сите соби располагаат со сопствен тоалет. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура. Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци. За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располага и со сопствени коњи и организира тури за јавање за почетници.
ТИП на СМЕСТУВАЊЕ |
Максимум број на лица |
ЦЕНА |
|
недела-четврток |
петок-сабота |
||
1/2 СОБА |
2 |
1.800,00 ден. |
2.100,00 ден. |
1/3 СОБА |
3 |
2.100,00 ден. |
2.500,00 ден. |
АПАРТМАН |
4 |
2.300,00 ден. |
2.800,00 ден. |
ВИП АПАРТМАН |
4 |
2.800,00 ден. |
3.500,00 ден. |
ГОЛЕМ АПАРТМАН |
8 |
3.500,00 ден. |
4.200,00 ден. |
БУНГАЛОВ |
2 |
1.700,00 ден. |
1.900,00 ден. |
- Цените се изразени во денари, за НАЕМ на соба/апартман на ден
- Појадок чини 200 денари по лице (се плаќа на лице место)
- Ручек/ вечера чини 450 ден по лице (се плаќа на лице место)
- За деца до 8 години сите оброци се бесплатни.
- За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст.
Сместувачкиот капацитет на Комплекс Кораб Трница се состои од :
– 5 двокреветни соби (од кои 3 се со брачен кревет а 2 се со два единечни кревети)
- 1 трокреветна соба (се состои од 1 брачен и еден единечен кревет
- 1/4 апартман (За 4 лица...Апартманот се состои од една спална соба со голем кревет за две лица и дневна соба со голем кревет на спуштање за две лица)
- 1 вип апартман (За 4 лица, ист како обичниот само поголем и со тераса)
– 1 голем апартман за 8 лица кој се состои од две спални соби со по еден голем кревет за две лица, голема дневна соба со софа, терпезарија и 4 единечни кревети.
Моментално во изградба се и 5 бунгалови