МИЛАНО-ЏЕНОВА-АЗУРЕН БРЕГ

МИЛАНО-Главниот град на покраината Ломбардија е економска престолнина на Италија, преку 80 од 200 најголеми претпријатија, корпорации и банки имаат свои седишта во овој регион. Во нејзиниот разноврсен рељеф, во кој преовладува равницата, се плодните долини на најголемите Италијански реки По, Ољо, Ада, Минчо Тичино, но и живописните ограноци на јужните Алпи и преубавите леднички езера Гарда, Комо, Леко, Маџоре, Варезе, Исео...под средновековните аристократски фамилии на воини и мецени – Висконти, Сфорца и Гонзага се направени импозантни јавни градби, цркви и споменици, па така се разубавени многу градови. Трговците и индустријалците како Пирели, Креспи, Бокони, Кампари и Берлускони направија овде моќни деловни империи, угледни и значајни во светски размери. ЏЕНОВА – вечната соперничка на Венеција за превласт врз Средоземното море, родниот град на Кристофор Колумбо, секогаш плени со својата убавина, додека најпознатиот брег на светот – Азурниот е приказна сама за себе, почнувајќи од фимскиот КАН, преку магичната НИЦА до гламурозниот МОНТЕ КАРЛО – седиштето и престолнината на фалилијата Грималди, џет-сет дестинацијата од најголем калибар...

1.ДЕН (21.05.2020 – четврток) БИТОЛА Состанок на групата во 06.00 часот на Градската Автобуска Станица. Поаѓање за Италија во 06.30 часот. Патот води преку Ниш, Белград, Загреб, Љубљана...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (22.05.2020 – петок) : МИЛАНО Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот... Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3.ДЕН (23.05.2020 – сабота) МИЛАНО - ЏЕНОВА – САН РЕМО Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Џенова...обиколка на Џенова – плоштадот Ферари, Операта, Дуждевата палата, Катедралата на Св.Лоренцо, стариот светилник Лантерна (најстариот светилник на светот, кој сеуште е во функција), куќата на Кристофор Колумбо...слободно време. Продолжување на патувањето кон Сан Ремо (регионот Империа), сместување во хотел (околина на Сан Ремо). Слободно време. Ноќевање.
4.ДЕН (24.05.2020 – недела) САН РЕМО – КАН – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО Појадок. По појадокот – слободно време или Ви нудиме целодневен факултативен излет и посета на Француските бисери на Азурната обала...пристигнување во Кан – прошетка низ Кроазета, каде се наоѓаат хотелите Карлтон, Мажестик, филмската палата, каде се одржува светски познатиот филмски фестивал, тврдината Ле Сук...поаѓање за Ница - туристичко место и едно од најпознатите монденски летувалишта на Азурната обала, препознатливо по преубавите палати, казина, познати хотели...прошетка по т.н. Англиско Шеталиште, кое се протега 5 км. долж преубавото сино море...слободно време. Во попладневните часови – поаѓање за Кнежевството Монако, чиј оснивач е фамилијата Грималди, поточно Франческо Грималди Малиција...посета на Монако – катедралата каде е закопана Грејс Кели, како и сите владетели од фамилијата Грималди, Кнежевскиот двор, Океанографскиот музеј, прошетка низ патеката по која се одржува Ф1 трката, преку која се стигнува до најрепрезентативниот дел од Монте Карло – казиното со позната коцкарница „Монте Карло“, хотелот „Париз“, кафе „Париз“...слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

5.ДЕН (25.05.2020 – понеделник) САН РЕМО – ВЕРОНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Верона...Пристигнување во Верона во раните попладневни часови...прошетка низ Стариот Град - плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија, саат-кулата...посета на Трговски Центар. Поаѓање за Македонија во касните попладневни часови...ноќно и денско возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија, со кратни попатни паузи.

6.ДЕН (26.05.2020 – вторник) БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 14.200,00 денари (229 €)

                                               12.960,00 денари (209 €) – за УПЛАТА до 15.04.2020 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 1 Н/П во хотел со 3* во Милано, посета на Џенова, 2 НП во хотел со 3* во околина на Сан Ремо, посета на Верона, ТРАНСФЕРИ без надокнада од Струга, Охрид, Ресен и Кичево (попатни трансфери за патниците од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово), организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,  патничкото осигурување (180,00 ден. - по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : разглед на Милано со стручен водич - 10 € по лице (минимум 30 лица), целодневниот излет и посета на Азурниот брег со стручен водич – 60 € по лице (минимум 30 лица).

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 09.05.2020

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ.