MARK&JOANNA STUDIOS-PERISSA (пакет аранжман)

ЛЕТО НА   САНТОРИНИ 2021

9 денa/7 ноќевања (студио апарт + превоз + брод + трансфер+пратител)

 

Да летуваме на островот Санторини,најмонденски,незаборавен...остров кој ќе ве остави без здив,  остров со бели куќички и небесно плави куполи, прекрасни песочни плажи налик на кадифен килим , со најповолни временски услови за годишен одмор, прошетки, сончање, капење,  со екстра поволни цени за сечиј џеб. Едноставно кажано, дестинација што не треба да ја пропуштите, која ќе Ви овозможи да го доживеете годишниот одмор од соништата.

ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО.

ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА ПОТРЕБЕН Е ВАКЦИНАЛЕН ДОКУМЕНТ, PCR или РАПИД (БРЗ) АНТИГЕН ТЕСТ 

ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈА

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви  е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме Санторини се наоѓа  во Егејското Море и припаѓа на групата острови  Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према  вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наоѓа варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото има североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 целзиусови степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото скоро и нема врнежливи денови.

Жителите на Санторини  претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI.

На ова незаборавно патување ве води Т.А.Парадизо Флај Травел Сервис и верувајте дека Вашите срца ке бидат освоени,фасцинирани од убавините на овој кикладски остров.

1 ден – Битола - Атина (Пиреа)

Состанок на групата во 15.30 часот на паркингот пред Спортската сала. Тргнување од Битола во 16.00 часот. Патот води преку граничен премин Богородица/Евзони време за гранични формалности и попатни паузи.

2 ден - Атина (Пиреа) - Санторини (брод)

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор.Поаѓање (пловење) за Санторини со брод BLUE STAR во 07.25 часот по локално време. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот. Трансфер до сместување  во Периса-BLACK BEACH, сместување. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден -7 ден - Санторини

Појадок. Слободно време за одмор, сончање, уживање и релаксација на некоја од прекрасните плажи на островот во ПЕРИСА, ПЕРИВОЛОС, КАМАРИ, ВЛИХАДА, ЦРВЕНАТА И БЕЛАТА ПЛАЖА,  можност за организирање ФАКУЛТАТИВНИ излети и посета на најатрактивните локации кои го отсликуваат како монденски остров кој е познат како таков во целиот свет. Ноќевање.

8 ден - Санторини - Атина (Пиреа)-Битола

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време се до време закажано за поаѓање према пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање(пловење) за Атина (Пиреа) во 15.25 часот. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.30 часот по локално време. Продолжување на патувањето кон Македонија со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден во утринските/претпладневни часови.

Цена за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања во студио + превоз + брод+ трансфер на островот + претставник за целиот ваш престој. Цена по лице за сместување во 1/2 ,1/3 лукс студија

MARK & JOANNA STUDIOS-PERISA

 О  П  И  С

MARK & JOANNA STUDIOS-PERISA се наоѓаат на само 5 мин пеш до централниот дел на Периса и 7 мин до преубавата плажа на Санторини BLACK BEACH. Располагаме со 1/2 и 1/3 студија комплетно опремени  со купатило, кујна (мини решо, фрижидер и комплет садови, бокал за топла вода, апарат за филтер кафе), клима уред вклучен во цената, TV, сеф, фен, голем балкон покрај базен, базен, wi –fi , секое студио има сопствена тераса со маса и столици, и дел од студијата се со поглед на базен и море.

 

 

ДАТИ на поаѓање и враќање во МК

 

Услуга

 

Ноќевања

ТИП на СМЕСТУВАЊЕ – ЦЕНА по ЛИЦЕ

1/2 СОБА

1/3 СОБА

15.06.-24.06.2021

НП

7

-

-

22.06.-01.07.2021

НП

7

-

-

29.06.-09.07.2021

НП

7

-

-

07.07.-16.07.2021

НП

7

-

-

14.07.-23.07.2021

НП

7

365 € (22.630,00 ден.)

299 € (18.538,00 ден.)

21.07.-30.07.2021

НП

7

375 € (23.250,00 ден.)

319 € (19.780,00 ден.)

28.07.-06.08.2021

НП

7

399 € (24.740,00 ден.)

329 € (20.400,00 ден.)

04.08.-13.08.2021

НП

7

399 € (24.740,00 ден.)

349 € (21.640,00 ден.)

11.08.-20.08.2021

НП

7

399 € (24.740,00 ден.)

349 € (21.640,00 ден.)

18.08.-27.08.2021

НП

7

399 € (24.740,00 ден.)

349 € (21.640,00 ден.)

25.08.-03.09.2021

НП

7

375 € (23.250,00 ден.)

339 € (21.020,00 ден.)

01.09.-10.09.2021

НП

7

359 € (22.260,00 ден.)

329 € (20.400,00 ден.)

08.09.-17.09.2021

НП

7

349 € (21.640,00 ден.)

329 € (20.400,00 ден.)

15.09.-24.09.2021

НП

7

349 € (21.640,00 ден.)

329 € (20.400,00 ден.)

22.09.-01.10.2021

НП

7

349 € (21.640,00 ден.)

329 € (20.400,00 ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-7 ноќевања  во MARK & JOANNA STUDIOS-PERISA  1/2, 1/3   .

 

- Превоз со високо туристички автобус/мини бус на релација Битола/Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје/Битола.

- Бродски билет  на релација Атина (Пиреа) - Санторини - Атина (Пиреа) - економска   класа BLUE STAR.

- трансфер пристаниште – хотел - пристаниште .

-пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој.

- организација на аранжманот.

- асистенција на локален водич на островот.

Во цената на аранжманот не се вклучени:

- Туристичка такса 1еур по лице на ден.(се плаќа во агенција)

- Факултативни излети

- Задолжително патничко и здравствено  осигурување

 Услови:

-за сместување во 1/1 соба се доплаќа + 50% од цената

- деца од 0 год-1.99 год. бесплатно со двајца возрасни и не користи( кревет и седиште во автобус),доколку користи седиште во автобус се доплаќа  60 еур.

- деца од 2год-5.99 год. плакаат 105 еур/6510 ден (само превоз+бродски билет) и не користи кревет.

- деца од 6 год-11,99 год плаќа 70% од вкупната сума на аранжманот по лице(користат дополнителен кревет во соба)

- За реализација на оваа програма потребен е минимум од 18 патника.

Цени за користење само превоз и бродски билет Битола-Санторини-Битола :

 -Превоз со високотуристички автобус 80€/4960 ден. 

 -бродски билет 83€/5150 ден.

Доплата за :

- Авионски  седишта на брод 25 €/1550 ден по правец.

- бизнис класа на брод  35 €/2170 ден. по правец.

- кабина за спиење 89€/5520 ден.  по правец

Информација за патници со сопствен превоз:

Бродски превоз  за автомобил 100€/6200 ден по правец

Бродски превоз  по лице 42€/2600 ден по правец (економска класа класа)

Напомени:

-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата од 50% од вкупната сума на аранжманот.

-Потребна е  фотокопија од пасош.

-Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 10-15 дена пред тргнување.

-Термините дадени во табелата се непроменливи. Деновите дадени во табелите се денови на тргнување и пристигнување. Ве молиме минмум 24часа (еден ден) пред секое тргнување од Скопје да се информирате за потврда на Вашата  резервација, како и за времето и местото на поаѓање.

-Агенцијата го задржува правото за промена на сместувањето , денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот за факултативните излети, и отказ на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред поаѓање.

Секој патник кој би добил позитивен тест уплатените средства за уплатениот аранжман се враќаат на трансакциска сметка на патникот.

 -Заради новонастанатата ситуација на светско ниво ПАНДЕМИЈА на SARS COVID 19 се молат патниците да се придржуваат према пропишаните мерки од страна на СЗО во матичната земја и земјата во која патуваат.Агенцијата ги зема сите обврски во однос на безбедно патување според пропишаните мерки од страна на СЗО во Македонија, а се друго кое може да биде настаната ситуација во странство  од страна на агенцијата имате логистика/помош  од партнерот во Грција.

ИНФО ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ :

Факултативни излети кои ќе се реализираат и организираат во текот на Вашиот престој...

САНТОРИНИ – ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ СО АВТОБУС НИЗ ОСТРОВОТ (КОПНЕНА ТУРА+ЛОКАЛЕН ВОДИЧ) - 55 € ПО ЛИЦЕ

Целодневна екскурзија, разглед на островот со стручен водич...Посета на археолошкиот град Акротири, каде можете да погледнете и научите фасцинантни факти за егзистирањето на Миноанската цивилизација на овие простори...посета на музејот на отворено (кој сака да влезе во музејот и индивидуално си доплаќа влезница на каса по цена на чинење во моментот), посета на ЦРВЕНАТА ПЛАЖА, Манастирот Profitis Ilias (Св.Пророк Илија - со попатна посета на преубавото селце Пиргос), кој се наога на највисоката точка на островот, каде ќе имате можност да направите прекрасни фотографии, посета и прошетка низ главниот град – Фира, со слободно време за индивидуални активности, фотографирања и сл...Разгледот завршува со посета на  монденското  градче OIA и ќе присуствувате на најромантичниот и незаборавен залез на сонцето.Во вечерните часови околу 20 часот враќање во хотел.

САНТОРИНИ - ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА – КРСТАРЕЊЕ СО БРОД – 45 € ПО ЛИЦЕ

ЕДИНСТВЕНО ДОЖИВУВАЊЕ ! Организирано  со автобус се упатуваме на пристаниште. Трансфер на брод (Kaiki)…следи крстарање покрај Калдерата и посета на новиот вулкан – ПЕС од каде што се гледаат сите седум кратери (влезница за влез на ПЕС за оние кои сакаат да се качат до кратерите – 5 €). Можност за капење во термалните топли извори на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за прошетка, кафе пауза индивидуален ручек во некој од таверните кој се наоѓаат на самата обала покрај море со богато мени на морска храна и традиционални специјалитети .Попладне враќање на пристаниште. Трансфер до хотел.

Посета на најпознатата винарија на островот(трансвер+резервација+дегустација на вина) G. KOUTSOYANNOPOULOS WINERY & WINE MUSEUM -20 € ПО ЛИЦЕ

Трансфер од хотелот до винаријата. Посета на  најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција - G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година...се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации и восочни фигури) презентации за историјата и начинот на произведување на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По разгледот на винаријата следи дегустација и презентација од страна на дегустатор на четирите најпознати вина произведени во таа винарија, можност за купување на вино по ваша желба по цени со попуст кој ги одобрува винаријата. Враќање во хотел.

За овој аранжман важат општите услови за патување на  Т.А. ПАЛАС