ВИНИЦА
CENTRAL****
Хотел Централ е лоциран во строгиот центар на градот Виница во тивка околина, топло уреден и декориран со цел да го понуди најдоброто од удобноста и комфорот и да ги исполни очекувањата за современ и прекрасен Хотел. Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.
Хотел Централ претставува уште една инвестиција во економскиот и урбаниот развој на Виница која ќе понуди хотелско сместување што одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат угостителски третман во домашен амбиент. Покрај новоотворениот Хотел Централ, со години збирно место на Виничани е современиот ресторанот Александар Парк Виница, место каде што можат да се вкусат голем број на специјалитети од македонската и интернационална кујна, а просторот е погоден за прослави и свечености.
Тип соба |
1 лице – ноќевање со појадок |
2 лица-ноќевање со појадок |
||
1/2 - QUEEN BED |
2.500,00 ден. |
3.100,00 ден. |
||
1/2 - TWIN BED |
2.200.00 ден. |
2.800,00 ден. |
||
JUNIOR SUITE |
1 лице-ноќ/пој |
2 лица ноќ/пој |
3 лица ноќ/пој |
|
2.800,00 ден. |
3.400,00 ден. |
4.000,00 ден. |
||
- Во склоп на хотелот има СПА центар кој вклучува сауна, парна бања, џакузи, топли лежалки и тушеви, Како и луксузно и максимално опремен фитнес центар
- Користењето на СПА центарот и фитнес центарот е вклучено во цената!
- Централ Хотел, Фитнес и Спа работи според сите протоколи пропишани од Владата за заштита на здравјето на гостите како и јавното здравје! Обезбедени се максималните услови со цел гостите да имаат пријатен и безбеден престој
- За едно дете до 11,99 престојот е бесплатен