БЕЛГРАД-НОВИ САД

1 ДЕН (05.03.’21 – петок) : БИТОЛА – БЕЛГРАД Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 23.00. Поаѓање за Србија во 23.30 Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш...

2 ДЕН (06.03.’21 – сабота) : БЕЛГРАД Пристигнување во Белград во утринските часови - панорамски разглед на градот со стручен водич...црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот...Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуален разглед на градот или одмор. Ноќевање. 

3 ДЕН (07.03.’21 – недела) : БЕЛГРАД – НОВИ САД Појадок. По појадокот – (факултативно) заминување за Нови Сад – разглед на градот...стариот дел, Катедралата, Опшинската зграда, Петроварадинската тврдина, улицата „Змај Јовина“ - најпознатото шеталиште, кое изобилува со бројни продавници, кафичи и ресторани...во попладневните часови – враќање во Белград...Вечерта (по желба) – ноќна прошетка низ центарот на Белград, со посета на боемскиот кварт „Скадарлија“ (факултативна вечера со мени и програма)...Ноќевање. 

4 ДЕН (08.03.’21 – понеделник) : БЕЛГРАД – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Трансфер до центар и можност за факултативно крстарење по реките Сава и Дунав, реките кои го спојуваат Белград и на градот му даваат сосема друга димензија. Слободно време до 15.00 часот, а потоа заминуваме за Македонија со попатна посета на “ИKEA”. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.520,00 денари (89 €)FIRST MINUTE – ЦЕНА – за уплати до 20.02.2021!!!

                                               6.140,00 денари (99 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во хотел со 3* (хотел СРБИЈА, www.hotelsrbija.com; ), разглед на градот со стручен водич, посета на ИКЕА, ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (300,00 ден. – по лице), таксата за престој во хотелот (се плаќа на лице место) – 1,4 €  по лице на ден, трансфер на патници (Струга, Охрид, Ресен, Кичево) – доплата од 10 € по лице. ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Посета на Нови Сад – 10 € по лице (минимум 30 лица), факултативна вечера во „СКАДАРЛИЈА“ – 20 € по лице, крстарење по Сава & Дунав – 20 € по лице.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

-          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

-          За ова патување не е потребен PCR тест.

-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

-          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

За отказ на резервација важат опшите услови, односно :

- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на т.а. ПАЛАС.