ХУРГАДА&КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ

Крстарење по р.Нил и одмор на брегот од Црвеното Море 

Со изобилството на белите плажи и кристални води, Хургада е одлична целогодишна дестинација за одмор и плажа. Неверојатните гребени и прекрасните бранови, идеални за сурфање, чистата и бистра тиркизна вода, овозможиле Хургада, ова мало рибарско село да се претвори во едно од најпосетуваните и најпознати одморалишта во Египет. Со лесен пристап до прекрасните острови и Источната Афричка пустина, Хургада секоја година привлекува илијадници европски туристи. Посетителите се заљубуваат во мирната и лежерна атмосфера, топлото сонце, карактеристичните бои на планинскиот пејсаж, храната, гостопримливите жители, локалните пазари, зајдисонцето и најмногу бистрата тиркизна вода, го зоврива и зголемува животот овде.   

Хургада – Крстарење по реката Нил – Хургада

 (4 ноќевања, Крстарење по р.Нил и 3 ноќевања во Хургада)

Дати: 14.05.2019 и 21.05.2019 г.

Програма

Прв ден (вторник): Хургада

Средба на аеродромот во Софија, Терминал 1 за директен чартер лет до Хургада, со BH Air со број на лет BGH 2009 во 08:00ч (локално време). Пристигање на аеродромот во во Хургада во 09:50 ч., средба со претставник од партнер-компанијата. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување во Хотелот Hawaii Le Jardain Aqua Park 5*(или сличен) на база All Inclusive. Вечера и ноќевање.

Втор ден (среда): Луксор

Рано заминување за Луксор. После пристигнувањето, трансфер до 5* речен крузен брод (на компанијата Grand Cruises) на база полн пансион. Во попладневните часови екскурзија по источното крајбрежје на Нил и храмовите во Луксор – најголемиот музеј на отворено. Луксор е распостелен врз остатоците на древниата египетска престолнина Тива. Големиот храм, посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу, импресионира со гигантските папирусови зданија. Градот е изграден од Рамзес II, во близина на самите води на Нил. После разгледот на знаменитостите, се упатуваме кон Карнак на 2,5 км оддалеченост од Луксор. Ова е најголемиот религиозен комплекс во светот, изграден во традиционална египетска архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од 3 основни храма и неколку помали..Вечера и ноќевање на брод во Луксор.

Трет ден (четврток): Луксор – Есна – Едфу

После појадокот се упатуваме кон Деир Ел Бахри – комплекс од гробници и погребални храмови на царевите од Новото царство, распространет на западниот брег на реката Нил. Посета на Долината на царевите (Valley of Kings), каде се наоѓаат 62 гробници на фараоните, една од кои е откриена во текот на 1922г. е гробницата на Тутанкамон, посета на храмот на Хатшепсут – првата жена фараон, управувала со Египет, две мирни десетлетја. Овој погребален комплекс е вистинско архитектонско ремек дело. Ќе се видат двете статуите на Мемнон – две масивни камени статуи, кои го прикажуваат седиштето на фараонот Аменхотеп III, кои се изградени во 1350г.п.н.е, тие го чуваат влезот на гробот на фараонот. Попладне се продолжува кон Едфу, преку Есна. Вечера и ноќевање на брод во Едфу..

Четврти  ден (петок): Едфу – Ком Омбо – Асуан

Рана посета на храмот во Едфу, кој е посветен на богот Хор, синот на Изида и Озирис. Изградбата на храмот започнува во 237 г.п.н.е за време на владеењето на Птоломеј III и завршува, речиси два века покасно, т.е во текот на 57 г. за време на владеењето на Птоломеј XII – таткото на прочуената Клеопатра. Појадок. Слободно време за плажа. Ручек. Насладувајки се на преубавите брегови на Нил, патувањето продолжува со разгледување на храмовите во Ком Омбо, кои се на 50 км. северно од Асуан. Првиот комплекс е изграден од комплекс кули над реката Нил, изграден во хелинистичката епоха, т.е за време на владеењето на Птоломејците и е невообичаен двоен храм – Собек, богот на крокодилите и Хорус, богот на соколите. Посета на Асуан.. Вечера и ноќевање на брод во Асуан.

Петти ден (сабота): Асуан

Појадок. Посета на Асуан – нај јужниот град во Египето, познат по камените градби. Можност за прошетка по шарените пазари на Асуан. Наутро, со доплата, ќе имате можност за посета на Абу Симбел или автентичните Нубијски населби. Ручек. Во попладневните часови започнуваме со посета на високата брана – Насер браната. Асуанската брана е ѕид кој го преградува Нил и е отворена во 1970 г. Изградбата неколку пати е одложувана поради политички причини и поради преместувања на важни археолошки локалитети, како храмот Абу Симбел. Разгледот продолжува до незавршениот обиликс, висок 42 м. и тежок 1200 тони, овој прекрасен споменик, никогаш не бил подигнат. Туристичкиот водич ќе заврши со посета на храмот Филе. Првично овој храм се наоѓал на о.Филе, кој е поплавен од водите во браната Насер. Храмот е спасен и префрлен на о. Агилика, благодарение на голема операција за спасување помогната од УНЕСКО. Вечера и ноќевање на брод во Асуан.

Шести ден (недела): Асуан – Хургада

Појадок и отпатување кон Хургада. Пристигање во прекрасната област на Хургада, на Црвеното море. Сместување во хотел Hawaii Le Jardain Aqua Park 5* (или сличен)  на база All Inclusive. Вечера и ноќевање.

Седми ден (понеделник): Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Ручек. Можност за посета на пирамидите во Каирон или друга екскурзија. Вечера и ноќевање.

Осми ден (вторник): Хургада

Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Прошетка за купување на сувенири. Ручек. Трансфер до аеродромот во Хургада со директен чартер лет на авиокомпанијата BH Air со број на лет BGH 2010 во 10:40 ч (локално време). Пристигање во Софија во 14:30 ч.(локално време).

ПАКЕТНИ ЦЕНИ 4 НОЌЕВАЊА НА КРУЗЕР ПО НИЛ И 3 НОЌЕВАЊА ВО ХУРГАДА

AI+FB / EUR

Цена по лице

Еднокреветна соба

3-ет Возрасен

1-во дете 2 – 6,99 год.

1-во дете 7 – 11,99 год.

14.05.2019 г.

€ 650

€ 795

€ 630

€ 505

€ 520

21.05.2019 г.

€ 650

€ 795

€ 630

€ 505

€ 520

Дадените цени се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност, по курс 1€ = 62 ден.

Пакетната цена вклучува :

Авионски билет на директен чартер лет СО ВКЛУЧНИ  аеродромски такси. Еден рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг. Сите трансфери, екскурзии и посети, наведени во програмата; 3 ноќевања во Хургада во хотел Hawaii Le Jardin Aqua Park 5* на база All Inclusive (или сличен); 4 ноки на база полн пансион на крузер 5* од Луксор до Асуан; Посета на сите објекти и храмови за време на патувањето со крузерот; Локални водичи со придружба од лице од партнер-фирмата кој ќе осигура превод, за време на сите трансфери и екскурзии по програмата.  Медицинско осигурување, со осигурителната компанија Уника, со покритие до 10000€ Придружник на групата од Бугарија за целото време на патувањето и целиот престој.

Пакетната цена НЕ вклучува:

Дополнителни екскурзии; Пијалоци на бродот Индивидуални трошоци; Бакшиши - во Египет е обичај да се даваат бакшиши. За време на крстарењето, задолжителен е бакшиш на водичот од 25$ за целиот престој. Влезна виза за Египет –$ 25 , наплатата се врши на аеродромот во Хургада. При промена на цената, туристите ќе бидат навремено известени. Такса за гориво – се објавува 21 ден пред полетувањето (подлежи на промени)

Услови:

1. Плаќање :
- Авансно се уплаќа 50% од цената по лице;
- Доплата се врши до 30 дена пред полетувањето;

2. Неопходни податоци за секој патник :
-  Име и Презиме на латиница по меѓународниот пасош
-  Матичен број (ЕМБ) или дата на раѓање на патникот;
-  Број на пасош со дата на издавање и дата на валидност;

*Туроператорот НЕ сноси одговорност за добиени погрешни податоци.

3.  Политика за отказ:
3.1.  Последниот рок, во кој може да се откаже без некакви санкции е до 60 дена од датата на патување.
3.2. При отказ од 60 до 30 дена пред датата на поаѓање, санкциите се во размер на примениот депозит, т.е 50% од цената на аранжманот
- Ако отказот е направен од 29 до 15 дена пред датата на поаѓање, санкциите се во изност од 70% од цената на аранжманот;
- Ако отказот е направен од 15 или помалку денови пред датата на поаѓање, санкциите се во размер од 100% од цената на аранжманот

ВАЖНО: Промена на цената е возможна, при промена на цената на горивото, при промена на аеродромските или пристанишни такси, промена која ќе е поголема од 3% на валутниот курс во периодот на склучување на договорот и заминувањето. Промена може да има и при непредвидено покачување на цените од страна на партнерите, како и од страна на објектите во програмата. Поради постојаната промена на цената на горивата, авиокомпаниите можат да ја променат цената, со додавање на горивна такса (fuel surcharge). Во овој случеј туроператорот си го задржува правото за промена на цената на аранжманот

ВНИМАНИЕ: Авиокомпанијата си го задржува правото за промена на времето на полетување и слетување, за која промена, агенцијата навремено ќе ги информира своите клиенти.

Забелешка: Туроператорот НЕ сноси одговорност доколку дојде до промена на музејските такси и работното време на музеите. Дадените такси се земени согласно информациите кои се објавени на њеб страните од соодветните објекти. Можно е да дојде до промена. Туристичката агенција си го задржува правото за промена во програмата и за промена на цените во музеите и комплексите и не сноси одговорност за туристите за време на престојот и за туристи на кои нема да им биде овозможен влез од властите.

Важно:  За деца до 18г. кои патуваат без родители или само со еден родител, потребно е да имаат оригинална нотарски заверена декларација, дека и двајцата родители се согласни детето да патува во странство. Ако детето под 18 год. патува само или со еден од родителите, треба да има нотарски заверено полномоштво за патување, од непатувачкиот родител. Ако патува без двајцата родители или патува со старател, задолќително таква нотарски заверена согкласност треба да има крај себе и тоа од двата родитела

Важна информација: За патување до Египет е потребно да се има валиден меѓународен пасош. Пасошот треба да е со важност 6 месеци од последната дата на престој, според програмата. Не се потребни диополнителни вакцинации

Забелешка: Посочените цени се ексклузивни за објавениот период.

Минимален борј на пријавени туристи за реализација на програмата е 25.


ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ:

Еднодневен екскурзија во Каиро со вклучен ручек - Заминување од хотелот рано наутро. Екскурзијата вклучува посета на едно од најзначајните светски чуда - Египетските пирамиди кои маѓепсуваат со величественост и мистериозноста. Од локалитетот во Гиза ќе уживате во поглед на мегаполисот Каиро. Нема да пропуштите и средбата со импресивната статуа на Сфингата, а подоцна ќе се посети и Историскиот музеј во Каиро, кој чува бројни скапоцени експонати од времето на древната египетска цивилизација. Таму се наоѓа и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Во музејот се изложени повеќе од 12 000 артефакти од секој период на египетската историја. Цената вклучува: двонасочен трансфер, водич. (Во цената не се вклучени пијалоците, кои се  консумираат за време на ручекот.) ЦЕНА – 90 еур Сахара Парк Сафари - Вашето запознавање со Египет нема да биде целосено ако пропуштите сафари во пустината. Ќе бидете импресионирани од нуркачката брзина, екстремното возење на квадрицикли и двоседски патници. Ќе се обидете да јавате камила и можност да го запознаете животот на бедуините во пустината. Ќе ја посетите мини зоолошката градина и терариумот и ќе гледате мултикултурно шоу (јога, дервиши, ориентални танци), а во вечерните часови ќе ги набљудувате ѕвездите со телескоп – сето тоа во една екскурзија со вклучена вечера! ЦЕНА – 50 еур Остров Giftun и нуркање - Морска прошетка со бротче. Истражувајки ја убавината на еден од карибските острови и богат корален гребен. Во цената е вклучен – трансфер, ручек, безалкохолни пијалоци, опрема за нуркање. Цена: 30 еур Абу Симбел - Eкскурзија со автобус до Абу Симбел, лоциран на западниот брег на р.Нил и на 280 километри јужно од Асуан. При изградбата на браната Насер, храмовите се поместени 65 метри повисоко од оригиналното место. Таму се наоѓаат двата, издлабени во карпа древноегипетски храмови со исклучително убава и импозантна фасада од времето на Рамзес II (околу 13 во. Пр.н.е), по неговата победа кај Кадеш. Големиот храм е посветен на богот на сонцето РА, боговите Хорус и Птах. Сликата на Рамзес доминира во целокупната декорација на храмот и ја зрачи божествената моќ. Многу блиску до Големиот храм е т.н. Малиот храм или храм на Хатор и Нефертари. Ова е првиот необичен храм во египетската историја. Покрај тоа, големината на женската статуа е иста како на Рамзес, спротивно на обичаите статуите на жените и децата да се со многу помали димензии. Храмовите се исклучителни обележја и нивната приказна е повеќе од импресивна. Храмот комплекс денес е заштитен од УНЕСКО. Цена : 90 еур Комбо: прошетка со Брод, Ботаничка градина и Нубијско село - Заминување од бродот со традиционален египетски брод Флука со голем платно. Плови на реката Нил и се стигнува до ботаничката градина на Асуан. Се истражува ботаничката градина, кратка пауза меѓу зелените чаеви / кафе дрвја. Заминување од ботаничката градина со моторни чамци долж реката Нил и достигнување на Нубиското село. Се истражува комплексот од куќи каде што добиваме чувство на припадност кон локалниот начин на живот и обичаи. Пијте локален ким чај. Можност за привремена тетоважа со к’на (доплата). И најголемата атракција, набљудување на крокодили, со помали, можете да се фотографирате додека  ги држите. Враќање назад на брод со бротче на мотор. Цена : 40 еур