Вила ЕКСКЛУЗИВ

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), Тв, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор.

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

 

Вила Ексклузив - Суто Море

14.06-23.06.2019

270

23.06-02.07.2019

270

02.07-11.07.2019

270

11.07-20.07.2019

280

20.07-29.07.2019

280

29.07-07.08.2019

280

07.08-16.08.2019

280

16.08-25.08.2019

260

25.08-03.09.2019

250

03.09-12.092019

220

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 9 ПОЛНИ ПАНСИОНА СО ПРЕВОЗ

Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  пакет аранжман по лице (9 полни пансиони со вклучен превоз).

– Прво дете   до 13.99 год. плаќа 50 % од цената на аранжманот
– Второ  дете до 13.99 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра)
* Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
– Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра)
– Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра
– Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица
– Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност  ( 1 евро = 62ден.)

Поаѓање за Црна Гора :
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци (пумпата кај Росоман ) – 03.00 часот
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) – 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот
Поаѓање од Сутоморе – 16.00 часот

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.