МИЛАНО-ТОРИНО-3 НОЌИ

1 ДЕН (29.12.’17 – петок) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот...патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (30.12.’17 – сабота) : МИЛАНО Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот... Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.’17 – недела) : МИЛАНО – ЛУГАНО - КОМО Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо...посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град...факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни...Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2018.ГОДИНА !!! Ноќевање.

4 ДЕН (01.01.’18 - понеделник) : МИЛАНО – ТОРИНО Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), вториот по големина и важност град во Ломбардија по Милано...прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино...во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета...се упатуваме кон центарот на градот, се упатуваме кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри, доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија...на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…Ноќевање.

5 ДЕН (02.01.’18 - вторник) : МИЛАНО – ВЕРОНА - БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона со попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови...прошетка низ Стариот Град...плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија...поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград...ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

6 ДЕН (03.01.’18 – среда) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 10.790,00 денари.

                                                 9.990,00 денари. – за УПЛАТА до 25.11.2017 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 3 Н/П во хотел со 4*, разглед на Милано со стручен водич, разглед на Лугано и Комо со стручен водич, посета на Верона, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,  патничкото осигурување (150,00 ден.-по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Посета на Лугано – 20 € по лице (минимум 25 лица) – препорака!, крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице – препорака!,  посета и разглед на Торино – 25 € по лице (минимум 25 лица) - препорака!

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 20.12.2017

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ.