АГЕНТИНА-БРАЗИЛ-ПЕРУ

“Во ритамот на танго и самба до мистериозната земја на Инките”

Авантура во Латинска Америка

АРГЕНТИНА, БРАЗИЛ и ПЕРУ

Термин: 06.10-20.10.2019

Буенос Аирес, Водопадите Игуасу, Рио де Жанеиро, Лима, Куско, Мачу Пикчу, Сао Паоло

Хотели во Аргентина, Бразил и Перу | Авионски превоз од Скопје со вклучени аеродромски такси | Трансфери | Екскурзии со локален водич | ПРЕТСТАВНИК од АГЕНЦИЈА за време на целото патување

БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!

ПРОГРАМА

1 ден (недела 06.10.2019) | Скопје - Истанбул
Состанок на групата во 18:55 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување од Скопје кон Истанбул во 20:55 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 23:30 часот. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

2 ден (понеделник 07.10.2019) | Истанбул - Буенос Ариес
Полетуваење кон Буенос Аирес во 09:40 часот (директен лет со еден технички стоп во Сао Паоло во времетраење од 1 час). Пристигнување на меѓународниот аеродром Езејза во Буенос Аирес во 21:30 часот локално време. Добредојдовте во Аргентина! Пречек на аеродромот од страна на нашиот претставник во Буенос Аирес и трансфер до хотелот Rochester Hotel Classic 4* (или сличен). Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ден (вторник 08.10.2019) | Буенос Ариес (Разглед на градот со локален водич | танго шоу)
Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:45 часот во лобито на хотелот. Во 09:00 тргнувме кон организиран разглед (вклучен во цената/целодневен разглед) на јужниот и северниот дел на градот Буенос Аирес со локален водич на англиски јазик (превод од страна на претставникот на Агенцијата). Разгледот ќе започне со посета на квартот основан од италијанските емигранти, Ла Бока (La Boca) кој е познат по типичните шарени куќи, поплочени улици и големиот број на ресторани во кои можете да уживате во бројните претстави и маестралните танго изведби. Ќе имате можност да прошетате по улицата „Caminito“, позната како родното место на тангото. Пауза за фотографирање пред стадионот на еден од најпознатите локални фудбалски клубови „Boca Juniors“ - Estadio Alberto J. Armando. Другото име на стадионот е „La Bombonera“, а истиот е познат и по тоа што токму овде тренирал легендарниот фудбалер од минатото - Диего Марадона.
Следи посета на центарот на градот и плоштадот „Plaza de Mayo“, каде ќе можете да ја видите Претседателската зграда уште позната и како Розевата куќа. Тука е и модерната зграда на најголемата катедрала во земјата, а наспроти неа е една од малкуте зачувани градби од 18 век позната под името Кабилдо (Cabildo), каде некогаш бил сместен административен совет кој управувал со општината, а денес зградата се користи како музеј. Ќе поминеме по булеварот Мајо - „Avenida de Mayo“, кој ги "поврзува" законодавната и извршната власт на земјата. На едниот крај е Претседателството, а на другиот крај е Сенатот (Парламентот на земјата). Тука се наоѓа и познатата кафетерија Café Tortoni, која имa автентичен ентериер зачуван од средината на 19 век (нема да се застанува или прави паузa, можете да го посетите за време на вашето слободно време). Разгледот продолжува на север, кон Булеварот 9 - ти Јули (Avenida 9 de julio) кој претставува еден од најшироките булевари во светот. Тука се наоѓа и познатиот Обелиск (Obelisco de Buenos Aires), кој е симбол на основањето на градот. Застануваме во квартот Риколета (Recoleta), кој е еден од најпрестижните во градот,  познат по административните и станбените згради во француски стил и бројните музеи. Тука се наоѓаат и гробиштата Риколета, кои ќе ги посетиме, а претставуваат музеј на отворено. Тука се погребани познати личности како Евита Перон, аргентински претседатели, локални уметници, добитници на Нобеловата награда, па дури и ќерката на Наполеон. Разгледот завршува со предлог индивидуална посета на една од најубавите и уникатни згради во градот, книжарницата El Ateneo Grand Splendid. Оваа зграда првично била театар Teatro Grand Splendid и е изградена во 1919 година. Долги години зградата била празна, за конечно во 2000 г. да се отвори како книжарница. Ентериерот е зачуван, а некогашната сцена денес е кафуле, а ложите и балконите со раскошни орнаменти се претворени во полици за книги и места за читање. Враќање во хотелот индивидуално и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови организирана вечера и танго шоу во “Tango Porteño” (со доплата, вечера со вклучени пијалоци и часови по танго). Состанок на групата во 19:30 часот, во лобито на хотелот. По завршување на шоуто, враќање во хотелот со организиран трансфер. Ноќевање

4 ден (среда 09.10.2019) | Буенос Аирес (Ранч Дон Силвано/ Estancia Don Silvano)
Појадок во хотел. По појадокот следува целодневна факултативна екскурзија (со доплата) до ранчот Дон Силвано (Don Silvano) во аргентинската пампа, земјата на гаучосите. Состанок на групата во 09:10 часот во лобито на хотелот. На овој излет заминуваме надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 2 часа со попатна пауза за одмор и можност за шопинг на локални производи. Патувајќи кон ранчнот ќе поминеме низ северниот дел на градот каде ќе ја видиме скулптурата на цвет изработена од челик и алуминиум Floralis Genérica, во близина на Правниот факултет на локалниот универзитет. Металниот цвет е дизајниран да ги отвара своите листови наутро кога изгрева сонцето, а да ги затвора во вечерните часови кога заоѓа. Ова го прави уникатен и претставува еден од симболите на градот. Тука се наоѓа богатиот кварт Палермо во кои се сместени Јапонските градини како и ботаничката градина на Буенос Аирес. Пристигнуваме во ранчот Дон Силвано каде ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Следува слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената) вклучувајќи го традиционалениот аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот во трки со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Пакетот вклучува трансфер, локален водич на англиски и шпански јазик, богат ручек со пијалоци, трка со коњи, шоу програма. Враќање во хотел.Ноќевање.

5 ден (четврток 10.10.2019) | Буенос Аирес – Порто Игуасу/Фоз до Игуасу – Водопади Игуасу
Во раните утрински часови (околу 03:00 часот) следува организиран траснфер до аеродромот во Буенос Аирес за внатрешен лет до Пуерто Игуазу во 05:45 часот. Слетување на аеродромот во Порто Игуасу во 07:40 часот локално време и транфер до хотелот Continental Inn 4*, Foz do Iguazu (или сличен) при што ја поминуваме границата помеѓу Аргентина и Бразил. Сместување во хотел. Во договорено време заминуваме кон водопадите Игуазу (Iguazú Falls) од Аргентинската страна, односно националниот парк Игуазу кој се наоѓа на 30 километри од хотелот (вклучено во цената со локален водич на англиски јазик). Овде се наоѓаат 80% од водопадите, а само 20% се наоѓаат од бразилска страна. Преку 275 водопади се создадени од двете реки Игуасу и Парана, а на неколку места водата паѓа дури од 82 метри. Просечната количина на вода што минува низ водопадите е 1500 м³ во секунда и варира од зависност од сезоната и водостојот на реките. Ќе прошетаме по туристичките патеки, од каде се откриваат неверојатни глетки кон водопадите и од каде ќе можеме да направиме прекрасни фотографии најубавите фотографии. До крајната точка на водопадите од ова страна, односно таканареченото Ѓаволско грло (Devil's Throat) се стигнува пеш по платформа коај е во должина од 1100 метри. До истата води возот на националниот парк (вклучено во цената) кој може да го искористите доколку имате желба. Природната убавина на овој феномен од водопади никого не остава рамнодушен.Слободно време за ручек (не е вклучен во цената) во многубројните угостителски објекти во паркот.  Дополнителна факултатива: Плoвeње во кристалните води на водопадите како дел од „Nautical adventures“ - морска авантура со брод (уплата и информации на лице место).Во однапред договорено време се враќаме назад во хотелот. Во попладневните часови слободно време за индивидуални активности или уживање во содржините на хотелот. Ноќевање.

6 ден (петок 11.10.2019) | Водопадите Игуасу од Бразилската страна – Рио де Жанеиро
Појадок во хотелот. По појадокот одјавување од хотелот до 09:00. Во 09:30 часот тргнуваме кон целодневна посета на водопадите Игуаси од бразлиската страна (вклучено во цената/локален водич на англиски јазик). Националниот парк од оваа страна е безмалку сличен на аргентинската половина на водопадите, но со една огромна предност: од овде ќе имате можност да ги видите 80% од водопадите кои припаѓаат на страната на Аргентина, но имаат неверојатен поглед од бразилската страна. Слободно време за прошетки по патеките на националниот парк, фотографии на водопадите, ручек во некој од угостителските објекти или уживање со ладен пијалок во природен амбиент и музика која ја создаваат припадниците на животинскиот свет овде. Следно на нашата агенда е посета на птичјиот парк кој се наоѓа веднаш до Националниот парк на водопадите Игуазу (влезницата е вклучена во цената). Птичјиот парк е дом на преку 1000 птици од различни краеви на Бразил. Се наоѓа во близина на националниот парк Игуасу и ќе ни овозможи одблизу да ги видиме различните видови на папагали, тукани, фламинга, најмалата птица во светот - колибри, како и многу други разнобојни претставници на птичјиот вид.Дополнителна факултатива: Лет со хеликоптер над водопадите Игуазу (информации за достапност и цена на лице место).Во предвечерните часови следува трансфер до аеродромот (Foz do Iguazu Airport) за лет до Рио Де Женеиро во 18:35 часот. Слетување во Рио Де Женеиро во 20:25 часот. Добредојдовте во Бразил! Пречек од страна на претставник на локалниот туроператор во Бразил и трансфер до едно од најпопуларните одмаралишта - Копакабана.Сместување во хотел на брегот на Атланскиот Океан – Augusto’s Rio Copa Hotel 4* (или сличен). Ноќевање.

7 ден (сабота 12.10.2019) | Рио Де Женеиро (Планината Корковадо/Статуата на Исус Спасителот)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за екскурзија до планината Корковадо. Состанок на групата во 08:40 часот, во лобито на хотелот. Полудневна екскурзија со времетраење од околу 6 часа (вклучена во цената/локален водич на англиски јазик). Екскурзијата започнува со посета на планината Корковадо (Corcovado) на чиј врв се наоѓа една од најпознатите статуи во светот - статуата на Исус Спасителот. Статуата на Исус може да се види од сите точки во Рио Де Женеиро, а овој споменик кој важи за едно од новите Светски чуда е изграден по повод 100 годишнината од независноста на Бразил во 1931 година. До статуата се стигнува со жичара која поминува низ најголемата дождовна шума во во светот лоцирана на градска средина - националниот парк Тижука (Tijuca Forest) или по традиционален начин – по скали кои бројат 222. Слободно време од околу 1 час за фотографии и волшебен поглед на градот Рио.
Заминување од Корковадо кон најголемиот и најпознатиот стадион во Бразил – Маракана (The Maracanã - Estádio Jornalista Mário Filho). Пред реновирањето на стадионот, истиот имал капацитет за 100.000 гледачи, а по реновирањето во 2014 година, капацитетот е намален до 80.000 навивачи. Ќе имаме кратка пауза за фотографирање пред стадионот или влез во истиот доколку нема натпревар (влезницата изнесува околу 10 американски долари). Оние кои ќе купат влезница за влез во стадионот, ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата на Маракана и бразилскиот фудбал, посетувајќи го музејот на Маракана каде се изложени интересни факти и дел од опремата која се користела од страна на фудбалерите во текот на минатото (во склоп на стадионот се наоѓа кафе бар за кратко освежување за сите оние кои нема да бидат во стадионот). Денешниот разглед го завршуваме со посета на можеби најпознатата улица во Рио де Жанеиро – Самбодромо (Sambodromo) односно улицата на која се одржува познатиот бразилски карневал Рио. Нашиот локален водич ќе ја раскаже историјата за карневалот и учесниците кои е дел од популарните училишта за Самба во Рио. Оваа улица е со должина од 1 километар, на која од двете страни се наоѓаат трибини кои се наменети за посетителите на карневалот, а крајот на истата го краси споменикот кој е симбол на Бразил, а во форма на бразилски бикиниВраќање во хотелот околу 15:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови следува факултативна вечера во бразилски ресторан и спектакуларно шоу - Платформа шоу - Rio by the night (не е вклучено во цената на аранжманот – цена подолу). Состанок на групата во 18:45 часот во лобито на хотелот и трансфер до ресторанот. Пред предвиденото шоу, со организиран трансфер се упатуваме до локален ресторан каде ќе имаме можност да пробаме најразлични специјалитети и видови на месо (пијалоците не се вклучени во цената). По завршувањето на вечерата следува бразилско шоу наречено Rio the Night. Овде, врвни професиналцни преку најразлични видови на танци со потекло од целата држава, ќе ја раскажат приказната за Бразил и каде ќе имаме можност барем за момент да се почуствуваме како дел од бразилскиот карвенал. По завршување на програмата, организирано враќање во хотел. Ноќевање.

8 ден (недела 13.10.2019) | Рио Де Женеиро | Шеќерна глава
Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:30 часот во лобито на хотелот и почеток на полудневен туристички разглед на Рио Де Женеиро со локален водич, со вклучена посета на втората најважна знаменитост во Рио - познатиот рид Шеќерната глава - Sugar Loaf (времетраење околу 4 часа, вклучено во цената на аранжманот). Поминувајќи низ тунелот Санта Барбара, ќе имаме можност да уживаме во панорамскиот разглед на централниот дел на градот при што ќе застанеме до неверојатното архитектонско чудо кое го краси Рио – Митрополитската Катедрала (Metropolitan Cathedral), изградена во еден сосема поинаков стил од оној на кој сме навикнати кога станува збор за христијанските објекти. Катедралата е со  дијаметар од 96 метри и висина од 80 метри. Дизајнирана од страна на Edgar de Oliveira da Fonseca, оваа катедрала во форма на пирамида била изградена во период од 1964 до 1979. По посетата на катердралата, продолжуваме со панорамскиот разглед на градот (со автобус) при што ќе поминеме покрај плоштадот Cinelândia Square каде се лоцирани многу исторски објекти меѓу кои и Општинскиот театар (Theatro Municipal e Cinelândia). Поминувајќи низ историскиот дел на градот (Branco Aveniue), ќе дознаеме нешто повеќе за учеството на Бразил во Втората Светска војна, како и за последните битки помеѓу португалците и французите, при тоа пристигнувајќи до населбата Урка (Urca neighborhood) каде е лоциран еден од најголемите симболи на градот Рио – Планината Шеќерна глава. Планината е со висина од 395 m и од тука ќе имате можност да уживате во панорамскиот поглед на сите плажи во Рио и прекрасна глетка кон мостот кој ги поврзува Рио и Нитерој, точно на средината на заливот Гуанабара. Качувањето со лифт вклучува и една пауза на 220 метри височина на планината Урка, од каде ќе можете да ја фотографирате од близу Шеќерната глава. Спуштајќи се од Шеќерната глава, ќе имаме можност да го видиме и стариот централен дел на Рио де Жанеиро. Ќе поминеме покрај модерната катедрала Канделарија (Igreja da Candelária), ќе прошетаме покрај Националната галерија, градскиот театар, музејот - Museum of Tomorrow (Museu do Amanhã) посветен на чувањето на животната средина, како и многу други историски и модерни згради во срцето на градот, како и згради на кои локалните уметници ја искажуваат својата љубов кон ликовната уметност, притоа изработувајќи фасади на истите кои буквално го одземаат здивот. Организирано враќање во хотел околу 13:00 часот. Слободно време за инвивидуални активности на една од најпознатите плажи во светот. Ноќевање

9 ден (понеделник 14.10.2019) | Рио Де Женеиро – Перу, Лима (панорамски разглед на Лима)
Рано одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Рио за лет кон Лима, Перу во 06:15 часот. Слетување во Лима во 09:15 часот. Пречек на аеродромот во Лима од страна на локален претставник, при што следува организиран трансфер до хотелот Allpa Hotel & Suites 3* во Лима (или сличен). Сместување во хотелто и кратко освежување. Следува организиран панорамски разглед на градот Лима со локален водич на англиски јазик (вклучено во цената) и посета на стариот историски дел на градот, главниот плоштад (The Main Square), Палатата на правдата (The Justice Palace), плоштадот Сан Мартин (Plaza San Martin), Градската Палата (The Government Palace), палатата Torre Tagle (Torre Tagle Palace), железничката станица (Desamparados Station), базиликата на Сан Франциско (Basilica and Convent of San Francisco), како и модерните делови на градот, односно областа Сан Исидро (San Isidro District) и Мирафлорес (Miraflores District). Враќање во хотел. Ноќевање.

10 ден (вторник 15.10.2019) | Перу – Куско
Појадок во хотел. По појадокот се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Лима за внатрешен лет кон Куско, во 11:15 часот. Слетување во Куско (Cusco) во 12:35 часот при што следува трансфер до хотелот Hotel Suenos del Inka 3*, Cusco (или сличен). Сместување во хотел. Кратко време за одмор. Следува разглед на градот Куско со локален водич на англиски јазик, при што ќе имаме можност да го истражиме ова место кое се наоѓа во југоисточниот дел на Перу на надморска висина од 3300 метри, во близина на долината Урубамба на планинскиот масив Анди. Истирискиот главен град и центар на Империјата на Инките во 1983-та година станува дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Овде ќе ја почуствуваме мешавина од културата на Инките и шпанското население, ќе го посетиме храмот на сонцето Кориканча (Coriracancha/ Qorikancha), катедралата (The Cathedral of Cusco), разни споменици и уникатни куќи на локалните жители, археолошкиот локалитет во Тамбомачау (Tambomachay, Puca Pucara) како и локалитетот Sacsayhuaman. Враќање во хотел. Ноќевање.

11 ден (среда 16.10.2019) | Куско – Мачу Пикчу - Куско
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за посета на некогашниот град на Инкети, денес археолошко наоѓалиште – Мачу Пикчу (Machu Picchu). Трансфер од хотелот во претходно одредено време, до железничка станица каде што со воз се упатуваме кон Мачу Пикчу, притоа поминувајќи низ градот Агуас Калиентес (Aguas Calientes). Оттука патувањето го продолжуваме со автобус пристигнувајќи до светото место на Инките. Прошетка низ магичниот град Мачу Пукчу со локален водич на англиски јазик и пауза за ручек (вклучен во цената). Враќање назад кон хотелот во Куско. Ноќевање.

12 ден (четврток 17.10.2019) | Куско – Лима – Сао Паоло
Појадок во хотел. Одјавување до хотелот и слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за трансфер до аеродромот во Куско за лет кон Лима, во 18:02 часот. Слетување во Лима во 19:28 часот. Пријавување за летот од Лима кон Сао Паоло. Полетување кон Сао Паоло во 22:00 часот.

13 ден (петок 18.10.2019) |  Сао Паоло – панорамски разглед на градот
Слетување во најголемиот град на Бразил, Сао Паоло рано наутро во 05:35 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел Transamerica Jardins 4*, Sao Paulo. Појадок во хотел. По појадокот следува слободно време за одмор и освежување во хотелот, се до времето предвидено за организиран разглед на градот Сао Паоло со локален водич на англиски јазик.. Овој град кој на португалски значи Св. Павле, освен најголем, го носи приматот и на најбогат град во Бразил и на престолнината Сао Паоло.Се упатуваме кон центарот на градот, каде ќе ги видиме дел од знаменитостите на кои се симбол и белег на еволуцијата на градот низ вековите наназад. Ќе прошетаме низ бизнис областа на градот, најважниот финансиски центар на државата, а воедно и на Јужна Америка – Авенијата Паулиста (Paulista Avenue), ќе ја посетиме првата железничка станциа (Luz Station), музејот Пинакотека (Pinacoteca Museum), општинскиот театар, областа на слободата, каде е сконцентрирана најбројната јапонска популација надвор од Јапонија. Во однапред предвидено време следува организиран транасфер до аеродромот во Сао Паоло за лет кон Истанбул.

14 ден (сабота 19.10.2019) |  Сао Паоло – Истанбул
Полетување од Саи Паоло кон Истанбул во 03:10 часот. Слетување во Истанбул во 21:40 часот локално време. (Авио компанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 10 часа).

15 ден (недела 20.10.2019) |  Истанбул - Скопје
Полетување од Истанбул кон Скопје во 07:50 часот. Слетување во Скопје во 08:25 часот. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА

3500€

3700€

***можност за плакање на 12 или 24  месечни рати без камата***

Во цената на аранжманот е вклучено:

Авионски билет за секој лет според програмата, со вклучени аеродромски такси и багаж според политиката на авиокомпаниите; Транфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Буенос Аирес, Аргентина; 3 ноќевања со појадок во хотел Rochester Classic 4* во центарот на Буенос Аирес 4* (или сличен); Панорамски разглед на градот на Буенос Аирес; Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Игуасу; 1 ноќевање со појадок во хотел Continental Inn 4* (или сличен) во централното подрачје на Фоз до Игуасу; Целодневна екскурзија на водопадите Игуасу од аргентинска страна со вклучени влезници; Полудневна екскурзија на водопадите Игуасу од бразилска страна со вклучени влезници; Посета на Птичјиот парк од бразилска страна со вклучени влезници; Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Рио; 3 ноќевања со појадок во хотелот Augusto's Rio Copa Hotel 4* во Рио Де Женеиро на 150 метри од плажата Копакабана (или сличен); Полудневна екскурзија во Рио до планината Корковадо и статуата на Исус Спасителот - превоз со жичара (вклучени билети и влезници) Полудневна екскурзија во Рио со посета на ридот Шеќерната глава - превоз со лифт (кабинска жичара); Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Лима; 1 ноќевање со појадок во хотел Allpa Hotel & Suites 3* во Лима, Перу (или сличен); Полудневен разглед на градот Лима со локален водич; Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Куско, Перу; 2 ноќевања со појадок во хотел Suenos Del Inka 3* во Куско (или сличен); Трансфер со воз и автобус на релација Куско-Мачу Пикчу-Куско; Посета на Мачу Пикчу со локален водич и вклучен ручек; Појадок во хотелот Transamerica Jardins 4* во Сао Паоло; Разглед на градот Сао Паоло со локален водич; Локални водичи на англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата; Придружник од АталнтиС за време на целото патување.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Дополнителни факултативни излети; Индивидуални трошоци; Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата; Задолжително патничко осигурување (информации во агенција); Бакшиши за возачи/водичи.

Потребни документи:

Биометриска патна исправа со валидност минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава; 1000 € депозит во денарска противредност при резервација на аранжманот – неповратен во случај на отказ од страна на корисникот на услугата; Целосна доплата на аранжманот најдоцна до 06.09.2019

Дополнителни информации:

Програмата на водопадите Игуасу се реализира во зависност од времето на летовите; Локалните водичи се на англиски јазик, а водичот од организаторот на патувањето преведува на македонски јазик; За патување во Бразил, Аргентина и Перу не е потребна дополнителна имунизација, како и претходно обезбедување на виза; За реализација на ова патување потребни се минимум 15 патници. Доколку не се исполни минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети; Доколку програмата не се реализира патниците ќе бидат известени најдоцна 30 дена пред датумот предвиден за реализација. 

Распоред на летовите

Број на лет

Датум

Полетување од

Време на полетување

Слетување во

Време на слетување

Времетрање на летот

TK1006

06.10.2019

Скопје

20:55

Истанбул

23:30

01:40

TK 15

07.10.2019

Истанбул

09:40

Буенос Аирес

21:30

18:10

AR 2714

10.10.2019

Буенос Аирес

05:45

Игуасу

07:40

01:55

G3 2076

11.10.2019

Игуасу

18:35

Рио

20:25

01:50

AV 920

14.10.2019

Рио

05:45

Лима

09:15

05:30

AV 837

15.10.2019

Лима

11:15

Куско

12:35

01:20

AV 830

17.10.2019

Куско

18:02

Лима

17:28

01:20

AV 917

17.10.2019

Лима

22:00

Сао Паоло

05:35+1

04:20

TK 16

19.10.2019

Сао Паоло

03:10

Истанбул

21:40

12:50

TK1003

20.10.2019

Истанбул

07:50

Скопје

08:25

01:30

Информации за багаж:

TurkishAirlines | Скопје-Истанбул-Буенос Аирес/Сао Паоло-Истанбул-Скопје: Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x23cm; Чекиран багаж до 23 килограми и максимални димензии до 158cm (сите 3 димензии). Аerolineas Аrgentinas | Буенос Аирес-Игуасу: Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x20cm; Чекиран багаж до 15 килограми и максимални димензии 158 (сите 3 димензии); Доплата од 15 до 23 килограми: околу 20$ (доплата на аеродром). Gol Airlines | Игуасу-Рио: Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x25cm; Чекиран багаж до 23 килограми и максимални димензии до 158cm (сите 3 димензии). Avianca Airlines | Рио-Лима-Куско-Лима-Сао Паоло Рачен багаж до 8 килограми и максимални димензии 55x40x25cm; Чекиран багаж до 23 килограми и максимални димензии до 158cm (сите 3 димензии).

Забелешки:

Цената на аранжманот е калкулирана по среден курс на aмериканскиот долар од 20.02.2019 и при промена на истиот за повеќе од 5% организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената; Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и времињата во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и во зависност од состојбата на терен и други објективни причини; При лоши временски услови или други друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите; Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот; Дополнителните факултативни излети се резервираат и уплаќаат во матичната агенција.

Услови за отказ од страна на корисникот на услугата:

До 40 дена пред датумот на релизација - се задржува нeповратниот депозит од 1000 €; од 39 дена до 0 дена пред датумот на реализација - 100% од цената на аранжманот 

Факултативни екскурзии:

Вечера со танго шоу во “Tango Porteno” -  Аргентина
Незаборавен спектакл со најсензуалниот танц - танго. Овој спектакл се одржува во ресторанот - театар „Tango Porteno“. Вечерата е на мени со вклучени пијалоци. Шоу програмата вклучува танго изведба во различни варијанти. Ќе имаме прилика да видиме различни видови на танго кои се менувале со текот на времето и ќе ја почуствуваме моќната емоција која ја пренесува овој танц. Вечерата започнува во 21:00 часот. Шоуто започнува во 22:30 часот, а завршува околу 00:00 часот. Вклучува приватен трансфер, водич, вечера со вклучени пијалоци, богата шоу програма и часови по танго. Времетраење околу 4 часа.
Цена по лице: 90€  (минимум 10 пријавени патници) Целодневна екскурзија до Ранчот Дон Силвано (Estancia Don Silvano Gaucha), Аргентина
Во aргентинската пампа, земја на гаучосите. На овој излет ќе излеземе надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 100 километри. Тука ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Потоа следи слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената), како и традиционалниот аргентински пијалок - мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот да уживаме во трките со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Вклучува трансфер со автобус, локален водич (на англиски), богат ручек, пијалоци, трка на коњи, шоу програма. Времетраење околу 8 часа.
Цена по лице: 150€ (минимум 10 пријавени патници).  Rio by the night” – Вечера во Бразилски ресторант и незаборавно шоу
Трансфер од хотелот до ресторанот со автобус каде ќе имаме можност да пробаме бразилски специјалитети, вклучувајќи најразлични типови на месо (пијалоците се наплаќаат дополнително). По вечера се упатуваме во салата Plataforma, каде група на професионални танчери ќе ни ја долови историјата на Бразил преку шоу во 2 часа. Ќе ги видиме различните периоди низ кој поминувал Бразил - од основањето на земјата па се до денес, претставени во колоритни костуми, ритмичка музика и неверојатно расположение. На крајот на шоуто ќе ве освои ритамот на самбата доловен од прекрасните танчери со кои ќе имаме можност да се фотографираме и забавуваме. Вклучува трансфер, водич, вечера (без вклучени пијалоци), шоу спектакл. Времетраење околу 5 часа.
Цена по лице: 90 € (минимум 10 пријавени патници).  

Забелешка:

Дополнителните факултативни излети се резервираат и уплаќаат во агенцијата при проследување на резервацијата. Наведените цени, времетраењето и заминување за дополнителните факултативи се ориентациони и предмет на промена.