ЗАНЗИБАР-ИНДИВИДУАЛНО

ЗАНЗИБАР ЛЕТО 2019

21.06-03.07.2019

10 ноќевања + Aвионски превоз + Tрансфер

ГАРАНТИРАНИ МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ!

Занзибар е дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини. Откако ќе се симнете од брод или од авион и зачекорите на Занзибар - ќе бидете пренесени низ столетијата - до древната Персија и приказните за Ширази трговците кои беа инспирација за Синбад морепловецот, до палатата на Свахили принцезата и Оманските султани, до Индија со сите нејзини мириси. За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство за сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат пред се туристи од Италија и Германија.

Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за да се избега од светот. Овде имате шанса да уживате во бистра, тиркизно сина вода, долги песочни плажи, и многу мали, речиси пусти острови со недопрена природа, се уште неоткриени од туристите. Ова што вреди да се истражи е Камениот град, прогласен за културно наследство на УНЕСКО, каде ќе ве опијат мирисите на чаршијата, тесните улички и неотриената магија на Танзанија.

Хотели

Услуга

Тип на соба

Пакетна цена од лице
во 1/2 соба

Waridi Beach Resort & Spa 4*

HB

Двокреветна соба

981 €

ALL

Двокреветна соба

1196 €

La Madrugada Beach Hotel & Resort  3*

BB

Двокреветна соба

847 €

Waikiki Zanzibar Resort
 3*

BB

Ethnic Room - DBL

929 €

HB

Ethnic Room - DBL

1100 €

My Blue 4*

BB

Двокреветна соба

1211€

Hilton Resort Zanzibar -   Nungwi 4*

ALL

Двокреветна соба

1671 €

Royal Zanzibar Beach Resort  5*

ALL

Двокреветна соба

1799€

Diamonds Mapenzi Beach 4*

ALL

Двокреветна соба

1475€

Tulia Zanzibar  5*

ALL

Двокреветна соба

2859€

Dream of Zanzibar  5*

HB

Двокреветна соба

1466€

ALL

Двокреветна соба

1611€

Melia Zanzibar  5*

ALL

Двокреветна соба

2063 €

*Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)

***можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата***

 Во цената на аранжманот е вклучено: 

Авиобилет на релација Скопје - Доха - Занзибар - Доха - Скопје со Qatar Airways со вклучен багаж 30 кг; 10 ноќевања во хотел избран од табелатa, со период на престој од 22.06-02.07.2019 Трансфер на релација аеродром - хотел во Занзибар и обратно; Претставник од локалните партнери во Занзибар;

Цената на аранжманот не вклучува:

Аеродромски такси 289 евра; Влезна виза за Занзибар (уплата на лице место - 50 американски долари);
Патничко осигурување - ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција);
Бакшиши за водичи, возачи и ресторани; Индивидуални трошоци;

Потребни документи за виза:

Формулар за виза; Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци); 2 слики пасошки формат; Копија од авиобилет; Копија од ваучер; Потврда за вакцинација против Жолта треска.

Услови:

При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање; Понудата важи за минимум 20 пријавени патници; За ова патување не се потребни медицински имунизации; Рок за известување за недоволен број на пријавени патници - 30 дена пред поаѓање. Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;   Осигурување.

Факултативни екскурзии:

Екскурзија до единствениот национален парк во Занзибар Jozani National Park Tour = 84 eur (5h); Екскурзија Spice Tour = 85 eur (4h); Екскурзија Mnemba Island Tour = 80 eur (8h).

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит; Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот; Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.