КИНА

МАГИЧНАТА КИНА

ШАНГАЈ - ПЕКИНГ

9 дена / 7ноќи + авионски превоз со вклучени аеродромски такси + трансфер + виза + екскурзии + претставник од АГЕНЦИЈА

Дати на патување

Група 1:

29.04.2019 – 08.05.2019

Група 2:

21.10.2019 – 30.10.2019

Ден 1 (понеделник): Скопје - Шангај

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10:25 часот (два часа пред лет). Полетување од Скопје кон Доха во 12:25 часот. Слетување во Доха во 18:20 часот. 

Ден 2 (вторник): Шангај

Полетување од Доха кон Шангај во 02;25 часот. Пристигнување на меѓународниот аеродром во Шангај (ShanghaiPudong International Airport) во 16:20 часот локално време. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер до локален ресторан за организирана вечера. По вечерата следува транфер и сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 3 | Шангај (Појадок + Вечера)

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневен разглед на градот Шангај (Shanghai City Tour). Разгледот започнува во утринските часови со посета на Француската концесија (Shanghai French Concession). Француската концесија е подрачје на Шангај, со кое управувала француската влада од 1849 до 1946 година. Авениите и многуте стари куќи во оваа област сè уште го задржуваат шармот на "Париз на Истокот". Следи посета на градините Yu Garden (Yuyuan Garden), сликовити градини со живописни цвеќиња, декорирани со барокни детали, базени и прекрасна флора, кои се поврзани со пешачки патеки, ходници и премини. Можност за шопинг во фабриката за свила каде што можете да го допрете и почувствувате прекрасното наследство од древниот кинески народ. Во попладневните часови, ќе имате можност за шопинг по булеварот Nanjing Road  и Народниот плоштад (People's Square). Тука можете да најдете бројни ресторани со традиционалнa кинескa храна и продавници  со ракотвроби од стариот Шангај. Се движиме кон исток  до познатиот крајбрежен кварт Bund. Квартот Bund како обележје на Шангај и најпопуларно место за фотографирање и совршено место да се фотографирате заедно со вашето семејство и пријатели за да го запаметите овој прекрасен момент. Враќање во хотел или можност за *дополнителен факултативен излет, Крстарење по реката Huangpu. Вечера во локален ресторан. Ноќевање.

Ден 4 | Шангај (Појадок + Вечера)

Појадок во хотел. По појадокот следи трансфер за факултативна посета на градот на вода Zhaojialou Water Village. Лоциран во предградието на Шангај, Zhujiajiao е древен град на вода добро познат низ целата земја, со историја од повеќе од 1700 години. Во попладневните часови следи посета на Xin Tiandi, елегантна модерна пешачка улица која ги поседува историските и културни наследства на градот, спој на древната архитектура на Shikumen куќите, со најновиот модерен архитектектонски стил на градба. XinTiandi се смета за главна туристичка област на Шангај. Низ тесните улички ќе најдете голем број на продавници, кафулиња, ресорани и трговски центри. Следи посета на музејот во Шангај (Shanghai Museum), музеј на античката кинеска уметност, и еден од првите модерни кинески музеи од светска класа. Враќање во хотел или можност за дополнителен *факултативен излет Акробатско шоу (Acrobatic Show). Вечера во локален ресторан. Ноќевање.

Ден 5 | Шангај - Пекинг (Појадок + Вечера)

Појадок во хотел. По појадок заминуваме за Пекинг со супер брз воз (High speed bullet train) (Воз/TrainG8 08:00/12:24часот). Пристигнување во Пекинг во 12:24 часот. Следува посета на Houhai Lake, што буквално значи “Црно Море”, кое претставува големо вештачко езеро во северниот дел на центарот на Пекинг. Заедно со останатите две езера Qianhai и Xihai, го сочинуваат Shichahai, историска сликовита област која се наоѓа северо-западно од Забранетиот град и северно од езерото Beihai.Shichahai, со вкупна површина од 147 хектари и датира од династијата Yuan. Потоа следи прошетка и шопинг по познатата улица Wangfujing Street. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера во локален ресторан. Ноќевање.

Ден 6 | Пекинг (Појадок + Вечера)

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневен разглед на градот Пекинг (Beijing City Tour), град кој има над три илјади години историја и административен центар на Кина повеќе од 850 години. Разгледот започнува со посета на величествениот плоштад Тиананмен (Tiananmen Square) што во превод значи Портата на Небесниот мир и познат како најголемиот плоштад во светот. Плоштадот Тиананмен е изграден за време на династијата Минг во 1420 година и на него се наоѓа мавзолејот на познатиот кинески политичар Мао Цетунги, воедно престставува влез во царскиот град. Потоа ќе поминеме и влеземе низ портата во Забранетиот град  каде царевите на династиите Минг (Ming) и Чинг (Qing) владееле со Кина повеќе од 500 години. Забранетиот град е комплекс на царски палати, кој зафаќа површина од 720.000 м², со 980 згради и 9.999 соби, а како таков важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство (1987 година). По разгледот, одиме во продавница за бисери каде ќе имате можност да најдете накит изработен од најдобрите бисери. Враќање во хотел или можност за дополнителен *факултативен излет Golden Mask Show. Вечера во локален ресторан.Ноќевање.

Ден 7 | Пекинг (Појадок + Вечера)

Појадок во хотел. Денешниот излет ќе започне со посета на галеријата - фабрика за жад (Jade Gallery), каде што ќе најдете прекрасен накит изработен од традиционалниот кинески скапоцен камен – жад. Патувањето продолжува кон легендарниот Кинески ѕид (делот Juyong Pass)
Кинескиот ѕид е едно светските чуда и симбол на Кина, внесен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Кинескиот ѕид во форма на џиновски змеј со висина од 8 метри, се протега низ планини, долини и шуми (8.850 км). Оваа уникатна архитектонска креација, јасно видлива од вселената, безусловно сведочи за големината на древна Кина. Кинескиот ѕид е симбол на Кина и мудроста на кинескиот народ. Во поладневните часови следи посета на Олимпискиот парк во Пекинг, каде што ќе видиме (од надвор) Националниот стадион наречен Птичјо гнездо (има форма на птичјо гнездо) и Националниот пливачки центар наречен Водена коцка, каде се одржуваа Летните Олимписки игри во 2008 година. Потоа, можете да се одморите во традиционална чајџилница додека пиете некој освежувачки чај. Враќање во хотел. Вечера во локален ресторан.Ноќевање.

Ден 8 | Пекинг (Појадок + Вечера)

Појадок во хотел. По појадокот следи посета на Зоолошката градина во Пекинг, градината на Пандите (Cute Panda). Слободновреме за ручек. Во попладневните часови слободно време за шопинг и индивидуални активности. Во вечерните часови следува вечера во локален ресторан. Нокевање.

Ден 9 | Пекинг (Појадок)

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера во локален ресторан. По вечерата следува трансфер до меѓународниот аеродром во Пекинг за лет кон Доха.

Ден 10 Скопје

Полетување кон Доха во 01:50 часот. Слетување на аеродромот во Доха во 05:40 часот. Полетување од Доха кон Скопје во 07:00 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 11:15 часот.

Цена на пакет аранжман по лице:


Дати на патување

Пакетна цена по лице во  двокреветна соба

Група 1:   29.04.2019 – 08.05.2019

1781 €

Група 2:   21.10.2019 – 30.10.2019

1823 €

*ПРОМОТИВНА ЦЕНА за резервации до 31.01.2019

1626 €

***можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата***

 

Во програмата е вклучено:

Авионски билет на релација Скопје - Шангај / Пекинг - Скопје; Рачен багаж до 7кг. Чекиран багаж до 30кг. Виза за Кина (еднократен влез); Бакшиши за возачи и водичи; Трансфери аеродром - хотел - аеродром; 7 ноќевања со појадок во хотели со 4*; 3 ноќи во Шангај во хотел со 4*; 4 ноќи во Пекинг во хотел со 4*; 8 вечери во локални ресторани; Вклучена посета на Зоолошката градина во Пекинг, градината на Пандите (Cute Panda) Локален водич на англиски јазик во Кина; Претставник од агенцијата АТЛАНТИС за време на целото патување; Сите трансфери споменати во програмата; Втора класа супер брз воз (High speed bullet train) на релација Шангај – Пекинг;

Програмата не вклучува:

Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата; *Факултативните екскурзии; Индивидуални трошоци; Задолжително патничко осигурување (информации во агенција).

Факултативни екскурзии:

Aкробатско шоу -70€; Крстарење по реката Huangpu -70€; Шоу под златни маски  - 70€.

*Цените на факултативни ескурзии се валидни за минимум 12 пријавени патници.

Неопходни документи за издавање на туристичка виза за Кина:

Скенирана прва страна од пасош од страната со слика, со важност од минимум 6 месеци од денот на завршување на патувањето(во боја и исклучиво скен); Слика пасошки формат    Документите треба да бидат пратени најдоцна 30 дена пред реализација на аранжманот.

Општи информации за Кина:

Официјално име: НароднаРепубликаКина. Главен град: Пекинг. Официјален јазик: мандарински кинески, се користии англиски јазик (но ретко и неразбирливо) Временска разлика: + 6 / + 7 во споредба со Македонија. Валута: Кинески Јуан (Chinese Yuan Renminbi) (CNY);1 USD =6.5969CNY; 1 EUR =7.8409CNY Електричен напон: 220/240 V. Виза: За македонските државјани потребна е виза за Кина; Вакцинација: не е потребна; Повикувачки код: +86 Клима:с уптропска на југ, супарктичка на север; Шопинг: сувенири, предмети од жад, свила, облека; Храна и појалоци: задолжително користење на флаширана вода, храната е разновидна, традиционална кинеска кујна со многу зеленчук и месо во комбинација со ориз и сосови, слатки и леб. Имунизација: Не се потребни медицински имунизации.

Забелешки:

Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини; При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите; Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот; Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во матичната агенцијаМ

Услови за отказ:

До 40 дена пред реализација - се задржува уплатениот депозит од 50% и износот за виза. Oд 39 дена до 0 дена пред реализација - 100% од цената на аранжманот.